Судија на претходна постапка го прифати барањето на Јавно обвинителство и му определи 30 дена притвор на Митко Чавков.
Eксминистерот за внатрешни работи и ексдиректор на УБК, кој се сомничи за делото терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста од член 313 од Кривичниот законик.
Чавков, неофицијално, е веќе однесен во истражниот затвор во Шуто Оризари.
Ексминистерот во МВР во исказот пред судот дел од вината за непостапувањето ја префрлил врз полицајците под изговор дека тие можеле да дејствуваат независно од командата. Чавков се пожалил на својата здравствена состојба и побарал лекови.