Чеферин: Потребни ни се приказни како онаа на Аталанта

„За некои клубови навивачите станаа потрошувачи, фановите станаа купувачи, а натпреварувањата станаа продукти“, вака претседателот на УЕФА уште еднаш им го покажа местото на непослушните парајлии кои се дрзнаа фудбалот да го претворат во чист бизнис.

Фудбалерите на Аталанта по победата од 4:1 над Валенсија минатата сезона

Александер Чеферин продолжува со нападите врз 12-те клубови кои најавија формирање на таканаречена Супер лига, натпреварување чија единствена цел е заработка на баснословна сума на пари.

„Себичноста ја заменува солидарноста. Парите станаа поважни од славата, алчноста поважна од лојалноста и дивидендите поважни од страста“, вели Словенецот на чело на Европската куќа на фудбалот, а пренесува Tuttomercato.

„Фудбалот не припаѓа никому. Или, уште подобро, му припаѓа секому, бидејќи фудбалот е дел од нашето наследство“.

„Денешните великани не беа сите големи клубови во минатото, а нема гаранција дека ќе бидат такви во иднина и треба да сфатат дека тоа што сега се европски гиганти е делумна заслуга на УЕФА“.

„На натпреварувањата на УЕФА потребни им се приказни како оние на Аталанта, Селтик, Ренџерс, Галатасарај. Потребни ни се овие клубови, луѓето мора да знаат дека сѐ е возможно, дека секој има шанса да победи“, дополнува тој.

„Денешните великани не биле отсекогаш великани и нема гаранција дека ќе бидат великани во иднина. Фудбалот е динамичен и непредвидлив“, завршува претседателот.

Јасно е дека УЕФА нема да попушти, а на нејзина страна застана и ФИФА. Времето ќе покаже до каде може со инатот да одат 12-те одметници и какви санкции ќе добидат заради својата алчност и себичност доколку навистина продолжат со она кое го најавија.

реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Фудбал

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Read more

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Read more

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Read more

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more
 

Спорт

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе
  • play_arrow

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Читај повеќе

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Читај повеќе
  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе