Четири чекори што треба да ги преземете за да се подготвите за рецесија

Имајќи ги предвид економските услови околу нас, би било пожелно да се подготвиме за евентуална финансиска криза.

Финансиската експертка Џен Смит открива четири чекори што треба да ги преземете сега за да се подготвите за рецесија.

Следете ги вашите навики за трошење

Смит вели да ги испитате барем последните 90 дена од вашето трошење за да видите каде точно ви одат парите. Повеќето луѓе почнуваат да паничат кога ќе почнат да размислуваат за намалување на трошоците бидејќи претпоставуваат дека нивниот животен стил радикално ќе се промени. Смит вели дека тоа е одговор на страв и дека често не е така.

„Обично, она што луѓето мислат дека прво треба да го отстранат, често е последното нешто, како дневното кафе и слично“, вели Смит и советува да ги проверите вашите навики за трошење, бидејќи вака повеќето луѓе откриваат дека имаат некои трошоци за кои не се ни свесни, како што се претплати на некоја содржина што ја користеле порано, но сега веќе не ја користат.

За време на рецесија, вашите средства за зголемување на приходите - покачувања, унапредувања и споредни работни места - ќе бидат ограничени. Затоа, Смит советува да се фокусираме на намалување на трошоците наместо на зголемување на приходите.

Долгови со високи камати

Смит наведува два главни пристапи за справување со долгот: должничка снежна топка и должничка лавина. Методот на снежна топки вклучува прво таргетирање на вашиот најмал долг, без разлика на каматната стапка, додека методот на лавина дава приоритет на долговите со највисоки каматни стапки. Смит препорачува подготовка за рецесија со избирање на методот на лавина.

Во овој случај, се препорачува да ги соберете сите минимални износи што треба да ги платите за вашиот долг. Рангирајте ги од највисок интерес до најнизок. Смит наведува дека долговите со каматни стапки меѓу 5-7% треба да бидат приоритет. Следниот чекор е да креирате буџет за да го одредите максималниот износ што можете да си го дозволите да го исплатите вашиот долг секој месец.

Фонд за „црни денови“

Никогаш не е рано да се започне со работа на фонд за „црни денови“ што може да ни се најде за време на рецесија. Смит наведува дека „почетната“ сума на фондот треба да биде приближно она што го плаќате во месечна кирија плус месечните трошоци.

Откако ќе ја достигнете таа сума, повторно фокусирајте се на отплата на долгот со висока камата. Потоа можете да продолжите да градите фонд за итни случаи кој може да ве покрие шест месеци или подолго, пишува Lifehacker.

Слушајте ги вашите стравови, но не живеејте во нив

Рецесиите прават сè да стане уште понеизвесно. Сепак, во ваш најдобар интерес е да задржите „ладна глава“.

„Кога живееме во страв, носиме полоши финансиски одлуки“, истакнува Смит.

Финансиската аналитичарка вели дека иако е важно да ги преземете сите овие мерки на претпазливост, не е мудро да дозволите вашите стравови да владеат со вашиот живот.

Тагови
реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Ирска ги згрози евровизиските гледачи: Гледавме ли сатанистички ритуал?

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Живот

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Read more

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

30-минутни интензивни вежби за совршени нозе

Читај повеќе

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Читај повеќе

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Читај повеќе

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Читај повеќе
  • play_arrow

Од жица и камења сами направете убави саксии

Читај повеќе

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Читај повеќе

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Читај повеќе
  • play_arrow

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Читај повеќе

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Читај повеќе