Четири грешки во негата на лицето поради кои изгледаме постари

Малите работи често можат да направат големи промени, па затоа е добро да ги знаете следните работи.

Сите сакаме глатко да старееме, но зачувувањето на младоста на лицето е донекаде предизвик и се случува често да грешиме во одржувањето на негата на кожата.

Не користите крем со заштитен фактор

Честа грешка во негата на кожата е прескокнувањето на употребата на кремови со заштитен фактор. Експертите веруваат дека дури и во облачни денови, УВ зраците сè уште можат да се пренесат преку облаците, па дури и преку стакло, што ја прави вашата кожа подложна на предвремено стареење и брчки. Одлучете се за полесен хидратантен крем со заштитен фактор.

Го игнорирате пределот околу очите

Кожата околу очите е природно потенка, понежна и чувствителна отколку на остатокот од лицето и побрзо ја губи цврстината и еластичноста. Значи, тука се секогаш највидливите знаци на стареење. Набавете крем наменет за пределот околу очите, бидејќи тие имаат полесна текстура од другите производи за лице и кожата подобро ги впива.

Не го чистите лицето правилно

Ако сте добри во редовно миење на лицето, можеби не мислите дека треба да повнимавате на овој чекор во вашата рутина за нега на кожата. Меѓутоа, ако не се миете најмалку 30 секунди или не користите средства за отстранување на шминка, вие го чистите лицето на погрешен начин.

Цел ден акумулираме нечистотија, остатоци, пот на нашата кожа; ако не ги отстраниме од кожата, порите може да се затнат и поради тоа да изгледаме постари, а може да се појават и акни.

Нанесувате пудра на сува кожа

Шминката треба да ги подобри нашите карактеристики, но ако го прескокнете навлажнувањето и нанесете основен слој пудра на сува кожа, веројатно нема да има толку позитивен ефект. Кога кожата е природно сува, таа нема да добие многу „храна“ од пудрата.

Дополнително, некои подлоги можат да ја исушат кожата за да одржат мат финиш. Не само што сувата кожа ќе ја изгуби хидратацијата, а со тоа и нејзината дебелина и мазност, туку и фините линии и брчки ќе станат подефинирани, додавајќи години на вашиот изглед.

Тагови
реклама

Живот

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Read more

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

30-минутни интензивни вежби за совршени нозе

Читај повеќе

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Читај повеќе

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Читај повеќе

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Читај повеќе
  • play_arrow

Од жица и камења сами направете убави саксии

Читај повеќе

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Читај повеќе

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Читај повеќе
  • play_arrow

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Читај повеќе

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Читај повеќе