Четири најважни совети за ефикасно лекување спортски повреди

А.С.
/ 18.03.2022 / 14:30

Можни се повреди при спортување, без разлика на видот на спортот со кој се занимавате и без разлика дали се работи за натпреварувачки спорт или хоби.

Речиси сите спортски активности се физички напорни и за време на нив телото треба да издржи многу форми на стрес и трауми. Затоа, секогаш кога ќе се вклучите во физичка активност, ризикувате некаква повреда, како што се исчашувања и истегнување.

Можете да избегнете вообичаени спортски повреди со преземање мерки на претпазливост како што се користење на соодветна опрема и соодветни техники. Сепак, и покрај добрата подготовка, понекогаш е доволен мал момент на невнимание за да резултира со повреда.

Лекување спортски повреди

Истегнувањето или повредите на меките ткива се чести за време на спортувањето, но и во секојдневниот живот. За среќа, повредите може да се санираат со помош на техники за самопомош како што е методот RICE (Rest, Ice, Compression, and Elevation), кој вклучува:

1. Одмор

Болката е начинот на кој телото сигнализира дека нешто не е во ред. Ако сте повредени, треба да одморите што е можно повеќе во првите два дена. Во спротивно, ризикувате да ја влошите болката и да го продолжите времето на закрепнување. Освен тоа, одморањето на повреденото место помага и во спречување на понатамошни модринки.

2. Ладење

Пакетите со мраз се докажан лек за намалување на болката и отокот. Прво завиткајте го мразот во крпа за да спречите оштетување на кожата, а потоа држете го на повреденото место 15-20 минути. Повторете ја постапката на секои два до три часа во првите 24-48 часа по повредата.

3. Компресија

За да спречите оток, завиткајте го повреденото место со еластичен медицински завој. Компресијата не смее да биде премногу слаба бидејќи нема да функционира, но не премногу силна за да не ја прекине циркулацијата.

4. Подигнување на повреденото место

Повредениот дел од телото подигнете го на подигната површина, како на пример перница. Подигнувањето на повреденото место помага да се намали понатамошниот оток.

Во прилог на методот RICE, постојат ефективни лекови против болки како што се спортски гелови и креми.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Фит

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Read more

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Read more

Намирници што може да се јадат неограничено без ризик од дебелеење

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more
 

Магазин

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе