Четири несакани последици кои можат да настанат ако јадеме премногу леб

Иако лебот е многу достапна и популарна храна без која повеќето луѓе речиси и да не јадат оброк, лекарите предупредуваат дека прекумерното консумирање леб може да доведе до неколку несакани последици по нашето здравје, пренесува Medical News Today.

Зголемување на телесната тежина

Високиот внес на едноставни јаглехидрати, како што е претходно подготвен бел леб, може првенствено да доведе до акумулација на килограми, односно до несакано зголемување на телесната тежина.

Зголемен ризик од дијабетес

Исто така, експертите предупредуваат дека прекумерното консумирање леб доведува до зголемен ризик од дијабетес. Имено, храната која содржи јаглехидрати, како што е лебот, предизвикува зголемување на шеќерот во крвта. Високото ниво на шеќер во крвта може да доведе до уште поштетни исходи како што се срцеви заболувања, губење на видот и бубрежна болест, поради што е критично да го држите нивото на шеќер во крвта под контрола.

Проблеми со кожата

Освен зголемување на телесната тежина и поголем ризик од дијабетес, ако јадеме премногу леб, би можеле да имаме проблеми со здравјето на нашата кожа. Истражувачите откриле дека внесувањето храна со висок гликемиски индекс, а тоа е самиот бел леб, ја влошува состојбата на нашата кожа, доведува до формирање на мозолчиња или акни.

Запек

Проблемите со варењето се уште еден несакан ефект од прекумерното консумирање леб. Како што објаснуваат лекарите, поради недоволно внесување влакна може да дојде до нарушување на функционирањето на дигестивниот систем што, меѓу другото, резултира и со запек.

Тагови
реклама

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Read more

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Read more

Почна сезоната на бозел: Со едноставен рецепт направете сок од оваа лековита билка

Read more

Здравје

Здравиот начин на живот го неутрализира влијанието на генетиката за повеќе од 60%

Read more

Мастурбирањето го намалува ризикот од рак на простата

Read more

Два пијалака кои се најлоши за здравјето на цревата

Read more

Која риба го надминува и лососот по хранливост?

Read more
 

Магазин

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Читај повеќе

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Читај повеќе

Здравиот начин на живот го неутрализира влијанието на генетиката за повеќе од 60%

Читај повеќе

Одличен предлог за посен ручек: Тиквички со зеленчук, печурки и ориз

Читај повеќе

Зошто не треба да ги фрлате стеблата од пиперка?

Читај повеќе

Мастурбирањето го намалува ризикот од рак на простата

Читај повеќе

Како да ги научите децата да читаат повеќе?

Читај повеќе

Два пијалака кои се најлоши за здравјето на цревата

Читај повеќе

Како да се справите со колеги кои се многу бучни на работното место?

Читај повеќе