Четиригодишна затворска казна му се заканува на возачот што прегази 19-годишно момче

Возачот кој прегази и усмрти 19-годишно момче бил пијан, во крвта му биле утврдени 2,43 промили алкохол, а сега се соочува со казна затвор од најмалку 4 години. Одреден му е куќен притвор и одземена му е возачката дозвола.

Кривичната пријава за сообраќајна несреќа од 20 октомври годинава, кога возач на патничко возило удри во сега починатото деветнасетгодишно момче Х.К., во Основното јавно обвинителство Скопје пристигна на 8 ноември.

Надлежен јавен обвинител веднаш започна со дејствија во насока на прибирање на податоци и утврдување на фактите. Донесена е Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за сторено кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, за кое може да се добие затворска казна од најмалку 4 години.

Побаран е извод од крим евиденција за осомниченото лице кое управувало со моторното возило, наредено е сообраќајно техничко вештачење и прибирање на потребни податоци. Надлежниот обвинител веднаш ги повика за давање исказ лице сведок на настанот и осомниченото лице.

Од досега преземените дејствија утврдено е дека во моментот на случувањето на сообраќајната несреќа осомниченото лице го управувало возилото со 2,43 грам промили алкохол во крвта и со неприлагодена брзина.

Ценејќи дека се исполнети законските основи, како и дека има потреба за непречено водење на истрагата, надлежниот обвинител до судот достави Предлог за определување на мерка – куќен притвор за осомниченото лице и Мерки на претпазливост – Одземање на возачка дозвола и Забрана за издавање нова возачка дозвола за осомниченото лице. Предложените мерки беа прифатени од судијата на претходна постапка со донесување на Решение од Основниот суд Скопје 1 Скопје.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Хроника

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Read more

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Read more

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Read more

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе