Свет

Четиригодишно девојче заразено со корона вирус во Италија

26. февруари 2020 - 10:18 | МИА

Четиригодишно девојче од Италија е заразено со корона вирусот Covid-19, пренесоа денеска италијанските медиуми.

Таа доаѓа од местото Кастиљоне де Ада во Ломбардија, едно од десетте места кои се наоѓаат во црвената зона.

Девојчето е смесено во болница, има благи симптоми на грип и не е во сериозна здравствена состојба.

Претпоставка е дека вирусот го добила во болницата во Кодоња, каде беше хоспитализиран првиот пациент со вирусот во Италија.

Црвената зона во северна Италија ја чува полицијата 24 часа дневно, за да се спречат неконтролираните излегувања и влегувања од подрачјето на епидемијата.

Според достапните податоци, село со околу 4.000 жители е најмногу погодено одCovid-19, бидејќи во моментов во него има 40 заразени лица.

Коментирај