Четворица фудбалери на Барселона бараат нови тимови

Барселона, 14 август 2018 (МИА) - Четири играчи на Барселона сѐ уште треба да си најдат нови тимови за време на летниот трансфер. Каталонците се разделија со девет играчи, за кои собраа преку 120 милиони евра, но тимот уште не е оптимизиран.

Се очекува дефанзивецот Марлон и напаѓачот Пако Алкасер да заминат, а Мунир и Рафиња сѐ уште можат да останат, ако нема доволно добри предлози.

Има голема неизвесност за голманот Јаспер Силесен, но неговата цена изнесува околу 30 милиони евра и досега никој не сака да ги плати, иако има барања за играчот.

Тренерот на Барселона, Ернесто Валерде откри дека имал разговори со  Силесен за неговата иднина во клубот и силно се надева дека Холанѓанецот ќе остане на „Ноу Камп“.

Неговиот договор со тимот е до 2021 година, но во последно време има шпекулации дека тој може да ја смени клупската припадност, бидејќи сака да игра почесто, а во моментот тоа не е можно во тимот на каталонците.

- Точно е дека разговарав со Јаспер, но не можам да кажам точно што си рековме јавно. Овие нешта остануваат меѓу нас, во кујната на тимот, објави Валверде, цитиран од медиумите во татковината Шпанија.

Тој додаде дека тимот има потреба од двајца квалитетни голмани и во моментов ги има, а Силесен е еден од нив.

- Силно се надевам дека тој ќе остане кај нас и да биде дел од овој клуб и за во иднина. Сметаме многу на него и го цениме исклучително многу, како што постојано сум кажувал, додаде тренерот на шпанскиот шампион.

реклама

Груби ги бојкотираше претседателските избори

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Ирска ги згрози евровизиските гледачи: Гледавме ли сатанистички ритуал?

Read more

На 51% пребројани гласови Силјановска води 136 илјади пред Пендаровски

Read more

Фудбал

Фиорентина повторно ќе игра финале во Конференциската лига

Read more

Луис Енрике: Фудбалот понекогаш е толку нефер

Read more

Орсато означи крај во Париз и се расплака

Read more

Блесна стадионот во Битола: Пуштени рефлекторите Под Тумбе Кафе

Read more
 

Спорт

Фиорентина повторно ќе игра финале во Конференциската лига

Читај повеќе

Луис Енрике: Фудбалот понекогаш е толку нефер

Читај повеќе

Орсато означи крај во Париз и се расплака

Читај повеќе

Блесна стадионот во Битола: Пуштени рефлекторите Под Тумбе Кафе

Читај повеќе

Подготвени за нов спектакл? Реал и Баерн вечерва на мегдан за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

На Дончиќ не му одеше шутот, Далас го загуби првиот дуел од Оклахома

Читај повеќе
  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Читај повеќе