Денеска во 1:25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Центар, по претходна вербална расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 36-годишниот Ф.К. од една страна и 49-годишниот А.Е., 44-годишниот Е.Е. и 26-годишниот А.М. од друга страна, сите од Скопје, при што бил употребен и стаклен предмет, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.