Си ги поделиле парите во кафеана

Четворица уапсени за грабеж на менувачница во Тетово

Скопје, 19 септември 2018 (МИА) -  Приведени се четири лица осомничени за разбојништвото кое вчера беше извршено во менувачница во Тетово.

Секторот за внатрешни работи Тетово по преземени мерки го расчисти разбојништвото кое вчера околу 09 часот беше извршено во менувачница, односно агенција за трансфер на пари лоцирана на улица „Илинденска“ во Тетово.

Од слобода се лишени четири лица поради основано сомнение дека се сторители на кривичното дело. Станува збор за М.М.(56) и Р.С.(35), двајцата од Италија и Е.В.(32) и Х.Л.(57) од Тетово.

Италијанскиот државјанин М.М. и тетовците Е.В. и Х.Л. се приведени поради основи на сомнение дека извршиле кривично дело „разбојништво“, а Р.С. поради сомнение дека извршила кривично дело „прикривање“.

Првоосомничениот М.М. влегол во објектот и заканувајќи му се на вработениот со пиштол од метален сеф и фиока противправно одзел парични средства во вкупен износ од околу 20.000 евра, по што со такси возило управувано од Х.Л. веднаш се оддалечил заедно со другите осомничени, кои го чекале во непосредна близина.

Осомничените се упатиле кон угостителски објект покрај регионалниот пат Тетово - Волковија, каде ги поделиле одземените парични средства, по што во друг угостителски објект каде престојувале, лишени се од слобода од полициски службеници на СВР Тетово.

Во текот на денешниот ден четворицата ќе бидат изведени пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово.

реклама

Хроника

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Read more

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Read more

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Read more

Тетовец ја држел затворена снаата и физички ја повредувал

Read more
 

Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе