Човекот кој можеше да го спаси „Титаник“ не добил дозвола да се качи на бродот

Член на екипажот на „Титаник“ кој бил отстранет од списокот во последен момент можел да одигра клучна улога во судбината на несреќниот брод.

Дејвид Блер, дел од екипажот задолжен за опремата за навигација и алармирање во случај на опасност, бил сменет со поискусен морнар за првото патување на огромниот патнички брод во 1912 година.

Меѓутоа Блер, одликуван морнар, случајно го задржал кај себе клучот од креденецот каде се чувал двогледот за бродската набљудувачница.

Историчарите тврдат дека ако тој двоглед им бил достапен на морнарите кои биле на стража таа кобна вечер, можеби ќе се спаселе животите на 1.522 патници.

Со оваа опрема, екипажот ќе ја забележел порано сантата мраз во која удри „Титаник“.

Фред Флит, преживеан морнар од „Титаник“, во истрагата рекол дека можеби трагедијата ќе била одбегната ако го имале двогледот.

Блер имал добиено многу медали за неговата храброст во службата, вклучувајќи еден за спасување на човек што се давел.

Тој чекал три месеци во Белфаст додека се градел „Титаник“ и бил ангажиран во екипажот за патувањето до Њујорк.

Бил одговорен за опремата за навигација, но бил симнат од бродот во Саутхемптон, поради измена во екипажот.

Блер пловел на „Титаник“ од Белфаст до Саутхемптон на 3 април, 1912 кога имал 37 години.

Требало да заплови и на 10 април за Њујорк, но од компанијата „The White Star Line“ во чија сопственост бил бродот, го замениле со поискусниот морнар Хенри Вајлд кој дошол од друг брод на компанијата.

Блер испратил поштенска картичка во која го изразува неговото незадоволсство: „За жал, ќе морам да се повлечам за да се отвори место за колега од ‘Олимпик’. Ова е величествен брод, многу сум разочаран што нема да бидам дел од неговото прво патување.“

Блер починал на 80-годишна возраст во 1955 година, а неговиот клуч од креденецот на „Титаник“ беше продаден на аукција за 90.000 фунти.

„Ова е фасцинантна приказна. Неверојатна е самата помисла дека господин Блер ненамерно бил причината за потонувањето на ‘Титаник’ едноставно бидејќи заборавил да го врати клучот“, вели Адријан Стивенсон, експерт за поморска и воена опрема во „Hansons“.

„Титаник“ потона само пет дена откако заплови кон Њујорк, откако удри во санта мраз во Северниот Атлантски Океан, со околу 2.224 патници и членови на екипажот.

Во 23 часот и 40 минути, стражарите од набљудувачницата го огласиле алармот до контролата: „Вимавајте, санта мраз пред нас“, но веќе било предоцна.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Чек дис аут

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Read more

„Село на духови“ кое стана популарна туристичка атракција

Read more

За што служи металниот дел на пакувањето од саламите?

Read more

Што навистина значат боите на знамињата на САД, Италија, Германија и Грција?

Read more
 

Магазин

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Читај повеќе

Која храна содржи најмногу пластика?

Читај повеќе

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот главна тема на социјалните мрежи

Читај повеќе

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Читај повеќе
  • play_arrow

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Читај повеќе