Чуден сигнал од вселената снимен 1.800 пати за два месеца, научниците збунети

Неодамна откриен радиосигнал од вселената уште еднаш го оспори нашето разбирање на мистериозниот феномен fast radio burst (FRB).

Повторливиот FRB кој беше откриен минатата година се огласил неверојатни 1.863 пати во текот на 82 часа од вкупно 91 час набљудување. Ова донекаде хиперактивно однесување на мистериозниот сигнал од вселената им овозможи на научниците да откријат од која галаксија доаѓа и кој е нејзиниот можен извор.

Што се FRBs?

Што всушност се брзите изливи на радиобранови (fast radio bursts - FRBs) и зошто тие толку многу ги фасцинираат научниците? FRBs се една од најфасцинантните мистерии во универзумот. Ова се екстремно моќни сигнали, некои ослободуваат повеќе енергија од 500 милиони сонца и траат помалку од око да трепнеш.

Една од најважните карактеристики на FRBs е тоа што тие се краткотрајни и непредвидливи. Тие обично се појавуваат ненадејно на некој дел од небото и траат само неколку милисекунди.

Повторливите FRBs, односно кога тоа не е само еден интервал, туку неколку по ред, се многу ретки и особено го привлекуваат вниманието на астрономите. Некои од повторливите FRBs се јавуваат периодично, во редовни интервали, на секои неколку дена или месеци. Досега се откриени само неколку од нив.

Чуден извор

FRB 20201124A беше откриен од експерти во Кина со помош на опсерваторијата со сферичен радио телескоп со отвор од петстотини метри (FAST). Научниците веруваат дека овие мистериозни сигнали се предизвикани од магнетари, неутронски ѕвезди со исклучително силни магнетни полиња.

Неутронските ѕвезди се срушени јадра на масивни ѕвезди кои го достигнале крајот на својот животен век и го исфрлиле најголемиот дел од нивниот материјал во вселената. Останатите јадра се сè уште помасивни од Сонцето (најчесто меѓу 1,38 и 2,1 соларна маса), но тие се исклучително мали, со дијаметар од само околу 20 километри.

Пулсарите се неутронски ѕвезди кои се вртат многу брзо околу својата оска и емитуваат радиоемисии од нивните полови, така што нивниот сигнал се чини дека пулсира (начинот на кој сигналот допира до нас може да се спореди со светлината на светилникот).

Но, ако FRB 20201124A доаѓа од магнетар, тогаш тоа е многу чуден пример на неутронска ѕвезда.

„Овие набљудувања некако нè вратија на почеток. Изгледа дека FRBs се помистериозни отколку што се мислеше. Потребни се повеќе набљудувања со повеќе бранови должини за понатамошно разоткривање на природата на овие објекти“, рече астрофизичарот Бинг Џанг од Универзитетот Невада во Лас Вегас.

Наидоа на проблем

Како што споменавме претходно, повторливите FRBs се многу редок феномен. И FRB 20201124A им даде на астрономите најголем примерок од податоци за такви сигнали. Со самото тоа што имаше поларизација каква што досега не е видена во други извори на FRBs.

Поларизацијата се однесува на ориентацијата на светлосните бранови во тридимензионален простор. Со анализа на тоа колку таа ориентација се променила откако светлината го напуштила својот извор, научниците можат да ја разберат средината низ која минувала. На пример, силната поларизација укажува на силна магнетна средина, пишува Science Alert.

Врз основа на богатството на податоци собрани од FRB 20201124A, астрономите можеа да заклучат дека неговиот извор е магнетар. Но, имаше нешто чудно. Начинот на кој поларизацијата се промени со текот на времето сугерираше дека јачината на магнетното поле и густината на честичките околу магнетар флуктуираат.

„Таква средина не се очекува за изолиран магнетар. Веројатно има нешто друго во близина на изворот на FRB, можеби бинарен придружник“, објасни Џанг.

Можеби ни недостасуваат некои важни информации?

Податоците сугерираат дека придружник на магнетар може да биде жешка, сина ѕвезда која често се гледа покрај неутронските ѕвезди. Астрономот Фајин Ванг од Универзитетот Нанџинг во Кина обезбеди докази за оваа теорија во посебна студија.

Магнетарите брзо го согоруваат горивото и имаат краток век на траење. Бидејќи нивниот живот е толку краток, научниците веруваат дека младите магнетари се наоѓаат во региони каде што ѕвездите сè уште често се формираат. Но, FRB 20201124A се наоѓа во галаксија која е многу слична на Млечниот Пат, што значи дека не формира многу нови ѕвезди. Затоа, не би требало да има многу нови ѕвезди ни во близина на хипотетичкото сино сонце.

Имајќи предвид дека сè повеќе FRBs се наоѓаат во галаксиите кои, релативно кажано, не произведуваат голем број на нови ѕвезди, експертите веруваат дека можеби ни недостасуваат некои важни информации за разбирањето на FRB од магнетарите и дека не разбираме целосно како се формираат и во каква средина се наоѓаат.

Истражувањето A fast radio burst source at a complex magnetized site in a barred galaxy беше објавено во списанието Nature.

Тагови
реклама

Приватните превозници во петок ќе го блокираат Скопје со 200 автобуси

Read more

Пет застрашувачки пророштва на Баба Ванѓа за 2023 година

Read more

Дали беше паметно да оживееме древни вируси од сибирскиот вечен мраз?

Read more

Како киселата зелка го чува имунитетот?

Read more

Вести

Во кинески музеј изложени 20.000 јајца од диносауруси

Read more

Дали Apple ве следи веднаш штом ќе ја стартувате App Store?

Read more

Airplane mode заминува во историјата во Европа

Read more

НАСА објави фасцинантен поглед на Месечината

Read more
 

Гик

Во кинески музеј изложени 20.000 јајца од диносауруси

Читај повеќе

Дали беше паметно да оживееме древни вируси од сибирскиот вечен мраз?

Читај повеќе

Дали сте подготвени за нова тура бесплатни игри секој ден?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Гејмер направи симулатор за играње од Alfa Romeo

Читај повеќе

Дали Apple ве следи веднаш штом ќе ја стартувате App Store?

Читај повеќе

Airplane mode заминува во историјата во Европа

Читај повеќе

НАСА објави фасцинантен поглед на Месечината

Читај повеќе
  • play_arrow

Што е темна материја, а што темна енергија?

Читај повеќе

Rolls-Royce успешно тестираше авионски мотор на водороден погон

Читај повеќе