Lada во јули минатата година го претстави најдобриот модел на Niva Bronto како најспособен сериски теренец.
Платформата на Niva може лесно да се надградува, што го искористи германската тјунинг компанија ZUBR.
ZUBR претстави значително модифицирана Niva наречена Niva Monster. Станува збор за помал теренец со подобрена суспензија, што му овозможува да биде за 150 mm повеќе подигнат од подлогата во однос на стандардната Niva, така што вкупниот клиренс е 235 mm. Niva доби масивни гуми Hankook Dynapro MT и надворешен довод на воздух, за да може да се движи уште подлабоко во вода отколку порано.
Лаковите на тркалата се пошироки за да остават простор за off-road гуми, а на задната врата е поставено резервно тркало.
Внатрешноста е мат зелена, а посебна боја го штити телото од 'рѓа и длабоки гребаници. Кружните LED светла се задржани од оригиналниот модел.
Под хаубата сѐ е фабрички, сѐ уште има стар 1,7-литарски атмосферски четирицилиндричен мотор кој развива 82 КС и 129 Nm вртежен момент. Силата се пренесува на сите четири тркала преку петстепен мануелен менувач.
Модифицираната Niva во Германија чини 44.000 евра.