Ципрас: Европското семејство продолжува напред со согласност, а не преку негации и вето

Верувам дека наредниот период Бугарија треба да го вложи секој напор за да не претставува дел од проблемот, туку дел од решението, порачува поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас, коментирајќи го последното вето од Бугарија  на евроинтеграците на Северна Македонија.

Ставот на Бугарија, наведува Ципрас во интервју за ТВ 24, навистина беше непријатно изненадување и за мене, бидејќи првите чекори од напорот заедно со Зоран Заев, пред да го потпишеме Договорот од Преспа, тој период Бугарија не беше негативна. Напротив, беше охрабрувачка.

– Го разбирам разочарувањето што може да го чувствуваат граѓаните на Северна Македонија додека гледаат дека еден договор што бараше промена на Уставот, промена на уставното име и по жртвите што ги направија граѓаните гледаат дека европската перспектива останува заматена. Верувам дека треба наредниот период Бугарија да го вложи секој напор за да не претставува дел од проблемот, туку дел од решението. Ќе треба да го вложи секој напор, така што ќе се најде излез и да не настојува на алтернатива без излез-вето. Европското семејство продолжува напред со согласност, а не преку негации и вето. Верувам дека ЕУ во целот треба да ја охрабри Бугарија да следи правилен пат, вели Ципрас.

Коментирајќи ја имплементацијата на Договорот од Преспа, истакнува дека таа е значајна и неопходна и оти треба да продолжи напорот во таа насока за да се задржи довербата меѓу двете страни.

– Ќе треба следниот период да се забрза промената на името на јавните субјекти во Северна Македонија, така како што јасно дефинира Договорот од Преспа. Исто така, ќе треба наскоро да продолжиме со решавање на проблемите коишто постојат во врска со трговските имиња. И да се имплементира Договорот од 2019 година, во врска со промените во училишните книги во Северна Македонија. Од страна на Грција ќе треба и таа да продолжи со реализацијата на нејзините обврски. Ќе треба наскоро да се ратификуваат двата меморандума за соработка и едниот договор. На крајот на краиштата взаемно корисни се овие договори коишто треба да се ратификуват од грчкото Собрание. Ќе треба да продолжи перспективата на Врховниот совет за соработка на двете земји. И се разбира промените што ги забележавте на патните знаци, бидејќи зачувувањето на довербата е значајна димензија. А, зачувувањето на довербата може да постои само преку целосна имплементација за сѐ она што договоривме, навремено, вели Ципрас.

реклама
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Регион

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Read more

Избрана е новата Влада на Србија

Read more

Договорен текстoт на резолуцијата за Сребреница

Read more

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Read more
 

Вести

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе

Православните верници го слават Велигден

Читај повеќе

Времето денеска сончево и потопло

Читај повеќе

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе