Ципрас ја отфрли можноста за предвремени избори во Грција

Атина, 19 октомври 2018 (МИА) – Грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска ја исклучи можноста за одржување предвремени парламентарни избори по оставката на министерот за надворешни работи Никос Коѕијас, истакнувајќи дека неговата Влада се уште има поддршка од мнозинството пратеници.

Ципрас во Брисел нагласи дека ќе го преземе ресорот надворешни работи се додека успешно не заврши процесот за промена на името на Македонија.

Според него, Владата се уште има целосна и апсолутна поддршка на мнозинството во Парламентот.

Неговата Влада ја поддржуваат 153 од 300 пратеници во Парламентот, вклучувајќи ја и малата десничарска партија Независни Грци, предводена од министерот за одбрана Панос Каменос.

Инаку, Коѕијас поднесе оставка по жестока кавга со Каменос поради Преспанскиот договор. Ципрас, кој рече дека и натаму ќе се советува со Коѕијас, утре официјално ќе ја преземе и функцијата шеф на дипломатијата.

реклама

Регион

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Read more

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Read more

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Read more

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Read more
 

Вести

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе