Ципрас: Северна Македонија покажа дека е кредибилен партнер за ЕУ и треба да почне преговори

Скопје, 1 октомври 2019 (МИА) – Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас смета дека Договорот од Преспа е победа на дипломатијата над национализмот, можност за поблиска соработка меѓу двете земји, придонес за мирот и стабилноста во регионот, нешто за што се залага и Европската Унија. Со ова, порача тој, Северна Македонија покажа дека е кредибилен партнер на Европската Унија и таа треба да одреди датум за почеток на пристапните преговори на следниот состанок на Европскиот совет.

– Овој договор ја покажува вредноста за која се бори ЕУ. Дел од него е и членството во Европската Унија. Со овој договор се потврдува и амбицијата на ЕУ да воспостави мир и стабилност во овој регион. Северна Македонија е држава која го промовира процесот на проширувањето во рамките на европското законодавство. Тој покажува дека државата е кредибилен партнер за ЕУ и таа треба да одобри датум за преговори на следниот состанок на Европскиот совет, порача Ципрас во обраќањето на отворањето на Самитот на „Економист“, што се одржува денеска во Скопје.

Ципрас вели дека кога договорот го потпишале министрите за надворешни работи на двете земји Никола Димитров и Никос Коѕијас сите почувствувале дека ја градат историјата. Овој сложен договор, додава тој, со сите термини, членови, одредби, и овозможува да се одиме напред во билатерални односи и да се преземат многу конкретни чекори за соработка.

-Сите знаеме дека најважниот чекор веќе е преземен бидејќи нашите држави повеќе не се противници. Нашите народи ќе започнат многу брзо да ја видат целата придобивка на овој договор. Јас верувам дека целта отсега натаму ќе биде изградба на заедничка доверба, рече Ципрас.

Тој вели дека договорот овозможува соработка во повеќе сфери, економијата, туризмот, па и во одбраната, што, како што посочува ја покажува довербата меѓу двете држави и народа.

-Овој договор е позитивен сигнал и значи позитивна промена и за Регионот и за Европа и тоа од различни причини, бидејќи ја симболизира победата на дипломатијата и на соработката врз национализмот и интровертноста. Овој договор значи дух на една заедничка балканска соработка, која нема да се темели врз моќта на една или врз поразот на друга држава, рече Алексис Ципрас во обраќањето на Самитот на „Економист“.

реклама

Македонија

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Read more

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Read more

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Read more
 

Вести

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе