Црн биланс од нападот на бегалскиот камп во Газа – 50 мртви, 150 ранети

Макфакс
/ 01.11.2023 / 09:08

Во нападот на бегалскиот камп Џабалија, кој се наоѓа на периферијата на градот Газа, според последните информации што ги објави индонезиската новинска агенција од Газа, загинаа најмалку 50 лица, а околу 150 лица се повредени.

Израел синоќа го призна нападот врз Џабалија и рече дека логорот бил цел за да го убие Ибрахим Биари – клучниот командант на Хамас поврзан со нападот на групата врз Израел на 7 октомври. Израел наведува дека Ибрахим Биари и неговите борци окупирале цивилни згради во градот Газа.

Синоќа врз Џабалија беа извршени најмалку шест воздушни напади, а во нападот беа уништени станбени блокови.

Сведокот на нападот, Мохамад Ал-Асвад, изјави дека на местото на нападот во Џабалија, сцената била ужасна.

„Децата носеа други повредени деца и трчаа, а сивата прашина го исполни воздухот. Тела висеа на урнатините, многу од нив беа непрепознатливи. Некои крвареа, а други изгореа“, рече тој.

Се стравува дека бројот на жртви ќе биде поголем во наредните часови, бидејќи сѐ уште трае потрагата по телата на цивилите кои преживеале затрупани под урнатините.

Тагови
реклама

Свет

Ирак воведе затворска казна од 15 години за истополови врски

Read more

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Read more

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more
 

Вести

Распишан конкурсот за наградата „Антево перо“ за 2024 година

Читај повеќе

Двајца Срби краделе велосипеди во општина Аеродром, полицијата ги фати

Читај повеќе

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Читај повеќе

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Читај повеќе

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Читај повеќе

Апасиев: Под власта на учките од ДУИ, поддржани од корумпираната македонска елита, секое второ дете од Полог се раѓа во Швајцарија

Читај повеќе

Ковачки до Ахмети: Парите со кои вршиш поткуп ќе треба да ги вратиш

Читај повеќе

Ирак воведе затворска казна од 15 години за истополови врски

Читај повеќе

Промена на времето со пороен дожд и грмежи од 1 мај

Читај повеќе