Црвените линии на Баку и Ереван се повторување на сценариото Белград-Приштина

Црвената линија на Ерменија и Азербејџан околу регионот Нагорно-Карабах е толку различна што тешко дека во догледно време двете страни ќе успеат да се договорат.

Азербејџанскиот претседател ја потенцираше црвената линија која Баку нема никаква намера некогаш да ја помине и напомена дека отцепување на самопрогласената република Арцах е неприфатливо.

„Во однос на нашата црвена линија, ние многу јасно ја потенциравме. Под никакви услови не може да биде нарушен територијалниот интегритет на Азербејџан. Под никакви околности Азербејџан нема да ја признае независноста на Нагорно-Карабах“, рече претседателот Илхам Алијев говорејќи за РИА Новости. 

Во 1991 година територијата во која се наоѓа и регионот Нагорно-Карабах прогласи независност под името Арцах, но интернационално не доби признавање и де јуре останува до денес како дел од Азербејџан. Сепак, азербејџанските власти немаат никаква контрола над Арцах, а сценариото многу потсетува на Србија и Косово кое на крајот резултираше со независност на покраината.

„Азербејџан не сакаше и сѐ уште не сака да го прифати правото на самоизјаснување на Ерменците од Нагорно-Карабах. А, такво самоизјаснување на Нагорно-Карабах е, за нас, црвена линија преку која не можеме да одиме“, рече ерменскиот премиер Никола Пашинјан говорејќи за истата агенција.

Во 1805 година Нагорно-Карабах и околината станал дел од царска Русија, а со поразот на Персија (денешен Иран) во 1813 и формално Персијците им го предале регионот на Русите. Уште во тоа време населението било 90% ерменско. Еден век подоцна, Јосиф Сталин одлучува регионот да се припои кон Азербејџан и покрај тоа што е населен со Ерменци. Денес ги гледаме последиците од таа непромислена одлука.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Свет

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Read more

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Read more

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе