Д-р Фуштиќ за обвинувањата од Пехчевски: Контактите со новинари може да ги остварува надвор од болница

Медицинскиот директор на Клиниката за детски болести, Стојка Нацева-Фуштиќ не ги негира обвинувањата од Игор Пехчевски, пациент со цистична фиброза, дека лекувањето му го условила со неконтактирање со новинари додека е во болницата – а дека во спротивно нема да има место за него во установата.

Докторката посочува дека му излегла во пресрет, а тој мора да ги почитува правилата. Прашана дали има анимозитет кон Пехчевски, Нацева-Фуштиќ за „Макфакс“ вели: „За мене сите пациенти се еднакви“.

„Игор е возрасен пациент – 32 години и по возраст не припаѓа на Клиниката за детски болести, туку на Клиниката за пулмологија. Но бидејќи секогаш им излегувам во пресрет на пациентите, во услови на немање место за прием на Клиниката за пулмологија, по неговото јавување го примивме на Клиниката за детски болести за да му помогнеме бидејќи не се чувствувал добро. На Клиниката за детски болести треба да ги почитува правилата на болницата и за сите активности треба да биде информиран Раководителот на одделот или Директорот. Контактите со новинари може да ги остварува надвор од болницата“, вели Нацева-Фуштиќ за „Макфакс“.

Самата посочува дека отпусната листа на пациентите им се дава на денот на испис од болница, а прашана зошто Пехчевски ја доби на 14-ти со датум од 18-ти април, докоторката објаснува дека му ја дала во случај да се предомисли и да си оди порано.

„Отпусната листа се дава на денот на испис; ако се договориме пациентот да си оди за време на викенд или празник, претходно му го изготвуваме отпусното писмо и прилогот (за да не доаѓа посебно за тоа ако не е од Скопје). Исписот административно го правиме во работен ден. Венската антибиотска терапија вообичаено трае 10 до 14 дена, во зависност од тежината на егзацербација на белодробната болест. На Игор му предложив, поради Велигденските празници, ако сака да си оди 12-тиот ден од антибиотската терапија (во сабота) бидејќи беше стабилен. Тој не беше сигурен, прво рече да, потоа ќе седел до вторник. Му ја дадов отпусната листа во случај да се премисли. Неговата историја не е затворена, таа административно се затвара кога ќе си отиде пациентот“, додава докторката и медицински директор на Клиниката за детски болести, Нацева-Фуштиќ за „Макфакс“.

Децидна е дека на Пехчевски, терапија не му е ускратена.

„Никој не му ускратил 2 дена терапија. Ви одговорив дека терапијата може да трае и помалку и повеќе, во зависност од состојбата на пациентот. А Игор беше во стабилна состојба и ако не му значат Велигденските празници (ми кажа дека е голем верник), му реков дека може да остане до 18.04. (како што му е во отпусното писмо). Неговата болничка историја не е затворена“, додава Нацева-Фуштиќ.

Пред три дена, Игор Пехчевски кој е сместен на Универзитетската клиника за детски болести каде прима терапија за цистична фиброза, ја обвини Д-р Стојка Нацева Фуштиќ, која е в.д. медицински директор на детската клиника дека му се заканила oти ако дава изјави за лекот „трикафта“, за него нема да има место во болницата за лекување.

Асоцијацијата за цистична фиброза се огради од ставот на Игор Пехчевски.

реклама

Недостатокот на еден минерал може да предизвика сериозни компликации

Read more

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Read more

5 солени грицки што може да ги јадете без страв од дебелеење

Read more

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Read more

Македонија

Силјановска Давкова не рече „Северна“ пред пратениците: Ќе бидам претседателка и на левите, и на десните

Read more

Променливо време со температури до 26°C

Read more

Денес свечено примопредавање на претседателската функција

Read more

Силјановска-Давкова на нејзиниот роденден го доби Уверението за претседател

Read more
 

Вести

Силјановска Давкова не рече „Северна“ пред пратениците: Ќе бидам претседателка и на левите, и на десните

Читај повеќе

Португалија произведе дури 95% од струјата од обновливи извори на енергија

Читај повеќе

Како Бил Гејтс го троши богатството и што ќе им остави на децата?

Читај повеќе

Каталонија гласа, цела Шпанија се тресе

Читај повеќе

Протести во Израел: Владата нема поим што прави

Читај повеќе

Сопружници нападнати од роднини во Аеродром поради имотно прашање

Читај повеќе

Скопјанка во Гази Баба ја нападнала својата потстанарка

Читај повеќе

Маж од Чаир физички ја нападнал вонбрачната партнерка

Читај повеќе

Променливо време со температури до 26°C

Читај повеќе