ЗАГАДУВАЊЕТО ДОСТИГНУВА НОВИ НИВОА

Да, и во снегот има микропластика

2019 ќе ја паметиме како година во која најдовме микропластика во снегот.

Веќе знаеме за присуство на микропластиката во водата дури на Антарктик и во солта што ја користиме за јадење. Сега знаеме дека ја има и во снегот.

Досега се знаеше дека водата е главниот „метод на транспорт“ за микропластиката, но присуството на микропластика во снегот укажува на нешто сосема друго: ја носи ветрот, односно воздухот.

Некои од првите истражувања за ширењето на микропластиката по воздушен пат се појавија годинава, во април. Тим истражувачи од Франција и од Шкотска соопштија дека нашле микропластика на Пиринеите, донесена од ветер дури од Барселона.

Неколку месеци подоцна, научниците ја најдоа во снегот. Во август беше објавен научен труд чии резултати покажаа дека микропластиката најдена во снегот на Швајцарските Алпи, како и на Арктикот, најверојатно била „транспортирана“ преку ветер.

Неделава, на годишната средба на Американското здружение за геофизика, истражувачи од институтот Desert Research Institute Reno претставија нови сознанија – нашле микропластика во снегот на Сиера Невада во Калифорнија.

Тоа укажува дека има значително количество на микропластика во воздухот, што значи дека може да се смета за форма на загадување на воздухот.

Истражувачите нашле во просек по 1.760 честички микропластика во литар снег на Алпите и на Арктикот што навеал на мразот меѓу Гренланд и Норвешка.

Во примероците земени во Европа имало далеку поголема концентрација на микропластика – во просек 24.600 честички во литар снег.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Наука

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Read more

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

НАСА: Упс!

Read more
 

Гик

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Читај повеќе

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Читај повеќе