Дачиќ: Србија не извезува оружје ниту во Русија ниту во Украина

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ денеска изјави дека од почетокот на руската инвазија на Украина од Србија не е извезено оружје на ниту една од страните во конфликтот, што е прв официјален одговор на пораката на Кремљ дека Москва ги следи информациите за можно снабдување на Украина со српска муниција.

– Србија, а јас можам да го тврдам тоа, бидејќи моето Министерство дава дозвола за извоз, не извезува воена опрема во ниту една земја за која веруваме дека би била проблематична и спорна на кој било начин, изјави Дачиќ.

Тој нагласи дека станува збор за „легални институции“ кои можат да извезуваат оружје.

Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија Марија Захарова вчера соопшти дека Москва побарала од Белград официјален став за информацијата дека српско оружје и е доставено на Украина. - Веќе побаравме од Белград да се изјасни. Ваквите изјави не треба да се даваат преку медиумите, ниту преку каналот Телеграм, ниту преку протекување информации, туку преку официјално објавениот став на српската страна, рече Захарова.

Таа додаде дека мора да се откријат фактите и врз основа на тоа да се извлечат соодветни заклучоци, бидејќи тоа е „исклучително важна тема за билатералните односи“.

Захарова претходно денеска изјави дека Москва е длабоко загрижена поради наводите за вмешаност на Србија во продажба на оружје на Украина.

– Внимателно ја следиме оваа приказна, обрнавме внимание на неодамнешната дискусија на оваа тема во српскиот парламент. Информациите што кружат, се разбира, предизвикуваат нашата најдлабока загриженост, изјави таа во коментарот објавен на веб-страницата на Министерството.

Претходно во руските медиуми и на каналите на Телеграм се појавија тврдења дека Србија тајно испорачала 3.500 ракети за ракетните системи „рад во Украина преку Турција и Словачка.

Рускиот портал mash.ru неодамна објави дека во Украина се испорачани 3.500 ракети М21 од 122 мм од српската компанија Krušik. Порталот објави дека ракетите биле нарачани од Крушик од канадската компанија JNJ Export-Import, а сандуците со оружје биле пренесени од Србија во Турција, каде транзитот го вршела турска компанија преку која товарот отишол во Словачка, а потоа во Украина. 

Компанијата Krušik неделава објави дека на ниту еден начин не е поврзана со продажба на проектили на краен корисник од Украина.

Српскиот министер за одбрана Милош Вучевиќ во понеделникот негираше дека Србија извезува оружје во Украина.

– Дали приватните компании купуваат на трети пазари и продаваат на компании во други земји не е прашање за Србија, тоа е меѓународна трговија. За нас тоа може да биде интересно разузнавачки, во смисла на информации, а не законски обврски или регулативи, рече Вучевиќ во српското Собрание, одговарајќи на прашањето на опозициски пратеник за тој случај.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Регион

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Read more

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Read more

Избрана е новата Влада на Србија

Read more

Договорен текстoт на резолуцијата за Сребреница

Read more
 

Вести

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе