Дали би вежбале „надувани“ за научни цели?

Истражувачите од Универзитетот во Колорадо Болдер моментално бараат мажи и жени кои редовно вежбаат додека консумираат марихуана, за да ги проучат потенцијалните придобивки од оваа практика.

Луѓето кои ќе аплицираат мора да живеат во Болдер, Колорадо и да бидат запознаени со користењето канабис и трчањето. Заинтересираните мажи мора да бидат помеѓу 21 и 40 години, а жените меѓу 21 и 50 години.

Научниците ќе му платат 100 или 666 долари на секој волонтер што ќе ја заврши студијата, според поканата на веб-страницата на Универзитетот.

Мета-анализата од април 2021 година покажа дека корисниците на канабис имаат тенденција да вежбаат повеќе од оние кои не ја консумираат оваа супстанција. Некои извештаи сугерираат дека оваа супстанција може да го поттикне вежбањето, објави претходно Insider. Затоа истражувачите од Болдер сега сакаат да го проучат овој феномен како дел од нивниот проект SPACE, Студија за физичка активност и ефектите на канабисот.

Учесниците „надувани“ ќе трчаат на лента

Заинтересираните за учество во истражувањето можат да се пријават преку е-пошта или со повик до истражувачкиот тим. Ако бидат одбрани, може да очекуваат три тренинзи на лента за трчање (два без конзумирање канабис, еден под дејство на канабис), анкети и тестови на крвта.

Некои истражувања покажуваат дека канабисот може да го подобри вежбањето

Канабисот може да ги стивне деловите од нашиот мозок кои го хранат егото, што резултира со помалку стресни движења, изјави претходно за Insider д-р Џордан Тишлер, доктор по интерна медицина и претседател на Здружението на експерти за канабис.

Кога некое лице консумира канабис, тој „нежно ги стимулира“ мозочните рецептори одговорни за допаминот, невротрансмитер кој ви помага да се чувствувате среќни, објасни Тишлер.

Дали би се пријавиле, кога би ги исполнувале условите на истражувачите?

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Чек дис аут

Фараоновото проклетство: Дали прерано ќе умре оној кој ќе ја отвори гробницата?

Read more

Еден од најактивните вулкани во светот исфрла злато во вредност од 6.000 долари секој ден

Read more

Бургер на едноставен начин

Read more

Скопски сеоски фудбал: Зајко пасе позади гол

Read more
 

Магазин

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе