ПОДГОТВКИ ЗА КЛИМАТСКИОТ САМИТ COP26

Дали Дејвид Атенборо ќе ги убеди светските лидери да се соочат со климатските промени?

Британскиот природонаучник, телевизиски автор и писател Дејвид Атенборо беше назначен од британските власти да ја води стимулативната акција насочена кон справување со климатските промени, назначувајќи го за „народен застапник“ пред конференцијата за климатски промени на ООН во Ноември (COP26) во Глазгов, Шкотска.

Самитот COP26 би можело да го забрза ангажманот и активностите на најголемите загадувачи во светот во борбата против климатските промени, за кои активисти, научници и светски лидери велат дека на крајот би можеле да ја загрозат планетата.

Велика Британија е претседател на самитот оваа година.

Атенборо (95), највлијателниот ТВ-автор кој се занимава со зачувување на природата и дивиот свет, ќе се обиде, како дел од настаните во следните шест месеци, да ги охрабри лидерите да ги стават климатските промени и зачувувањето на природата на врвот на нивната листа на активности. Еден таков собир е самитот на Г7 што ќе се одржи во Корнвол, Англија, во јуни, соопшти денеска владата на Велика Британија.

Познатиот природонаучник беше поканет да им се обрати на светските лидери и јавноста на самитот во Глазгов, прогласен за најважен климатски собир од Парискиот договор во 2015 година.

„Со својата посветеност и знаење, Дејвид Атенборо веќе инспирираше милиони луѓе во Велика Британија и ширум светот да работат на климатските промени и да ја штитат планетата за идните генерации. Нема подобра личност што би можела да поттикне понатамошни промени во оваа важна област, со оглед на климатскиот самит COP26 во ноември“, рече премиерот Борис Џонсон.

Џонсон, кој работи на подобрување на неговиот имиџ кога станува збор за еколошка акција, рече дека силно ќе ги охрабри лидерите на самитот Г7, на кој ќе претседава, да преземат сериозни обврски за вклучување во климатските промени.

Атенборо верува дека самитот COP26 мора да успее.

„Нема поважен момент во кој треба да постигнеме меѓународен договор. Епидемијата ни покажа колку е важно да се постигне договор меѓу народите ако сакаме да ги решиме ваквите светски проблеми“, рече тој.

Во февруари, Атенборо му рече на Советот за безбедност на Обединетите нации дека климатските промени се најголемата безбедносна закана со која се соочува современиот човек досега.

Во неговата 60-годишна кариера, списокот на документарци на кои работел е речиси исто толку долг колку и списокот на земјите што ги посетил. Меѓу нив е и „Сината планета“ од почетокот на 2000 година и најголемиот ТВ документарец за природата, „Планета Земја“, кој започна да се снима во 2006 година.

Славниот натуралист, кој сними нов филм и напиша книга на 94-годишна возраст, ја започна својата кариера на BBC, каде не му давале да се појави пред камера бидејќи „имал преголеми заби“. Но, затоа тој стана автор на најубавите документарни филмови за флората и фауната, преку кои со години предупредува дека со уништување на природата, ние исто така се уништуваме и самите себе.

Remote video URL
реклама

Вести

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Read more

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Read more

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Читај повеќе
  • filter

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Читај повеќе
  • play_arrow

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Читај повеќе