Во својот најчист облик, снегот е всушност вода. Во него можат да се најдат многу работи вклучително хемикалии и сол кои обично се користат за топење на снегот на патиштата и на улиците, но и влакна, бактерии, урина и измет.
Ако на некој му текне да јаде снег или сака да проба снег, најздравата опција е тоа да биде свеж снег што врне, бидејќи на некој начин е помалку контаминиран. Но, сепак, треба да знаете дека во него може да има нечистотии од воздухот.
„Снегот носи ризик од нечистотии и микроби“, вели Џенифер Џонсон од клиниката Мајо за AccuWeather.com.
Ризиците за јадење снег се разликува од место до место.
„Во поголемите градови загадувањето е поголемо поради поголемиот број автомобили и згради, додека руралните локации носат ризик во снегот да завршат земјоделски хемикалии од почвата. Лично не знам некој што имал компликации поради јадење снег, но постојат деца кои поради тоа се имаат разболено. Имам читано извештаи за случаи на деца кои добиле необични бактериски инфекции по јадење снег“, вели Џонсон.
Повеќето возрасни луѓе имаат добар имунитет кој нема да биде лесно нарушен од малку снег, но последици од вакво нешто можат да бидат желудочни проблеми и дијареја. Симптомите ќе зависат од тоа што содржи снегот.
„Некој со слаб имунитет или имунолошки проблеми може да биде почувствителен на инфекции, па може да добие треска, да повраќа, да има дијареја или без објаснување да се стопи кога станува збор за тежината“, тврди Џонсон.
Луѓето кои страдаат од сериозни здравствени проблеми, како и бебињата, треба да бидат внимателни. Ако изедат по некоја снегулка не е проблем. Ако претераат, за тоа консултирајте се со доктор, советува таа.