Дали Германија смее да ја спаси Lufthansa?

Европскиот општ суд денеска ја поништи одлуката на Европската комисија со која беа одобрени шест милијарди евра германска државна помош за Lufthansa за време на пандемијата на коронавирус. Одлуката на ЕК содржи „неколку грешки“, утврди судот.

Комисијата погрешно претпоставила дека Lufthansa не може да се задолжува на финансиските пазари, велат судиите. Пазарната моќ на германската авиокомпанија на одредени аеродроми исто така била погрешно проценета и биле прифатени условите за државна помош кои не обезбедуваат ефективна пазарна конкуренција за авиокомпанијата, утврди судот.

Германската влада ѝ обезбеди на Lufthansa помош од милијарди евра во пролетта 2020 година, која Брисел ја одобри во јуни. Ирскиот Ryanair и германскиот Condor поднесоа жалба на одлуката на ЕК.

Строгите правила на ЕУ за државна помош беа ублажени на почетокот на пандемијата за да им се овозможи на владите да ги поддржуваат компаниите во неволја, но помошта сепак требаше да биде одобрена од Европската комисија.

Најголемата германска авиокомпанија доби финансиска помош од владата, откако ги суспендираше операциите поради пандемиски патувачки ограничувања, заканувајќи им се на десетици илјади работници со отпуштања.

Денешната пресуда не означува крај на судската постапка, бидејќи постои можност за жалба до Второстепениот европски суд, потсетува dpa.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Грција воведува шестдневна работна недела

Read more

Бизнис

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Read more

Раст на Волстрит втор ден по ред

Read more

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Read more

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе