Дали го искористивте годишниот одмор?

Што се подразбира под „вистински одмор“ и колку би требало да трае? Дали е подобро да одите на еден долг годишен одмор или на почести, а пократки викенд-одмори?

Иако понекогаш ни е доволен и продолжен викенд за да ја разбиеме рутината, таквите одмори, особено по долг период на активна и напорна работа, може само да го „залечат“ уморот.

Психологот Милица Милорадовиќ Станковиќ смета дека дури следното лето, кога ќе се подобри епидемиолошката состојба, ќе има прилики за класичен годишен одмор.

А дотогаш, нѐ очекуваат зимскиот одмор и пролетните празници (1 Мај и Велигден) кога обично правиме еден миниодмор, но засега е неизвесно дали ќе можеме да ги поминеме на патување надвор од земјата. Затоа се советува да ја искористиме секоја прилика да здивнеме малку и да ги истражиме природните убавини што ги имаме во нашето непосредно опкружување.

Промената на средината, макар и на краток период во вид на викенд патување, особено во природа, ќе ни овозможи да ги „наполниме батериите“ и да закрепнеме.

„Експертите велат дека идеалното време за целосен одмор е три недели. Првите денови од одморот најчесто се пасивни, ни треба да се наспиеме и да го опуштиме телото. Во тој период брзината на закрепнувањето е најголема, па затоа е важно (така речено) да не правиме ништо. Потоа сме подготвени за активен, креативен дел од одморот кога можеме да го правиме она што го сакаме и во кое уживаме“, вели Милорадовиќ Станковиќ.

Веќе во третата недела, кога повремено помислуваме и чувствуваме дека ни е здодевно, тоа е знак дека се ближи времето за враќање на вообичаените обврски. Не е добро ни непотребно да го пролонгирате одморот, бидејќи така ќе паднете во замката да не го искористите слободното време на вистински начин.

Кога ќе дојде време за годишен одмор, ако сакате да одите на море, на пример, закажете термин на средина на деновите што сте ги зеле од работа, за да имате време да се подготвите за уживање и да одморите од одморот.

Милорадовиќ Станковиќ советува дека подобро е да правите почести, а пократки одмори, особено во периодот што следи, кога патувањата во странство се неизвесни.

Не е паметно да го искористите целиот одмор одеднаш, туку рамномерно да ги распоредите слободните денови. Самата помисла дека следниот класичен одмор ни претстои дури по една година од старт нѐ обесхрабрува и ни ја намалува волјата за работа.

Почестите кратки одмори не само што поволно ќе се одразат на нашето здравје, туку и ќе нѐ направат поефикасни во работата. Ако сме одморени, тогаш сме пофокусирани на работните задачи, помотивирани, покреативни и попродуктивни, па обврските ќе ги завршуваме со повеќе елан.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Живот

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more
 

Магазин

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Читај повеќе

Која храна содржи најмногу пластика?

Читај повеќе

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот главна тема на социјалните мрежи

Читај повеќе

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Читај повеќе
  • play_arrow

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Читај повеќе