Дали јаболковиот оцет помага при слабеење?

А.С.
/ 27.09.2022 / 12:27

Веројатно сте слушнале дека ако додадете јаболков оцет во вашата секојдневна исхрана, тоа ќе ви помогне да го изгубите вишокот килограми. Дали има вистина во тоа?

Многу од истражувањата за врската помеѓу оцетот и слабеењето се прават на животни, главно глувци и стаорци. Студиите покажуваат дека оцетната киселина, главна компонента на јаболков оцет, може да го намали таложењето на масти во телото, како и метаболичките нарушувања кај дебелите стаорци. Но, се разбира, глувците и стаорците не се луѓе, така што овие откритија покажуваат малку. Студиите врз луѓе биле мали во обем, што ја ограничува нивната валидност.

Најпознатото истражување на оваа тема е направено во 2009 година и вклучува 175 испитаници од Јапонија, со прекумерна тежина, на возраст од 25 до 60 години, кои биле поделени во три групи. Во период од 12 недели, испитаниците во групите дневно пиеле пијалок со една лажица оцет, две лажици оцет или без оцет. На крајот од трите месеци од истражувањето, оние кои внесувале каква било количина оцет, имале помала телесна тежина, помалку висцерални маснотии, помал обем на струкот и пониски нивоа на триглицериди во споредба со плацебо групата која не пиела оцет.

Повеќето диети даваат подобри резултати од јаболковиот оцет

Сепак, оние кои пиеле оцет изгубиле само еден до два килограми повеќе од плацебо групата. Повеќето диети даваат многу подобар резултат.

Нутриционистите препорачуваат да користите домашен јаболков оцет, а не индустриски, бидејќи тој може да содржи конзерванси и други адитиви.

Нутриционистката Керол Џонсон ги проучува ефектите на јаболковиот оцет врз нивото на гликоза во крвта кај дијабетичарите уште од 2004 година. Таа забележа дека тоа влијае на контролата на шеќерот во крвта, особено кај луѓе кои потоа развиле дијабетес.

Ако одлучите да додадете оцет во вашата исхрана, Џонсон препорачува тоа да биде една лажица оцет, која ќе ја додадете во полна чаша вода. Правилното разредување на оцетот е клучно. Во спротивно, може да ги оштети забите, грлото и гастричната слузница.

Нутриционистката не гледа ништо лошо во користењето оцет за контрола на шеќерот во крвта после јадење. Овој оцет е исто така дел од медитеранската исхрана, поврзан со здравјето на срцето и други придобивки.

„Дури и кај здрави луѓе, зголемувањето на шеќерот во крвта по оброкот е фактор на ризик за срцеви заболувања, па според мое мислење, секој треба да ги искористи придобивките што може да ги обезбеди оцетот. Она што би го препорачала е додавање оцет во јадењата како зачин, бидејќи не содржи калории“, вели Џонсон.

Несакани ефекти од слабеење со јаболков оцет

Јаболковиот оцет може да помогне во слабеењето, но никој не ги споменува несаканите ефекти од неговата прекумерна употреба. Јаболковиот оцет не е магичен еликсир кој може да ги реши здравствените проблеми. Многу познати личности сметаат дека јаболковиот оцет им помага во процесот на слабеење, но никој не кажува какви проблеми со варењето може да предизвика.

Стомачни проблеми

Поради тоа што јаболковиот оцет е кисел, може да предизвика воспаление на стомакот или воспаление на дигестивниот тракт. Јаболковиот оцет е добар како додаток во исхраната, но не е магичен пијалок за топење на калориите.

Дијареја

Јаболковиот оцет се прави од ферментирани јаболка, содржи пектин – растворливи диетални влакна. Овие влакна го поттикнуваат растот на добри бактерии во цревата и го намалуваат воспалението. Меѓутоа, ако консумирате поголема количина, може да се појави дијареја.

Проблеми со бубрезите

Некои истражувања покажале дека доколку имате проблеми со бубрезите, консумирањето на кисела храна не е препорачливо. Од голема важност е јаболковиот оцет да се раствора со вода.

Зголемен апетит

Многумина тврдат дека јаболковиот оцет го намалува апетитот, но ова тврдење не е точно. Јаболковиот оцет е нискокалоричен, па за брзо време повторно ќе бидете гладни.

Надуеност

Јаболковиот оцет го одложува празнењето на цревата, што може да доведе до губење на килограми, но може да предизвика и надуеност, гасови, мачнина.

Тагови
реклама

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Министерот Филипче се сретна со сопствениците на три приватни болници

Read more
Најбогат меѓу покојните ѕвезди

Најбогат меѓу покојните ѕвезди

Read more

Динамо останува без тренер, потврдена затворската казна за Мамиќ

Read more

Фит

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Read more

Каде грешиме со појадокот и поради тоа имаме проблеми со надуеност?

Read more

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Read more

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Read more
 

Магазин

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Читај повеќе

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Читај повеќе

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Читај повеќе

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Читај повеќе

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе