Дали „најсаканата ќерка“ на Ким е следниот лидер на Северна Кореја?

Б.С.Б.
/ 05.01.2023 / 09:50

Појавувањето во државни медиуми, како и на фотографии објавени за Нова година, поттикна шпекулации за ќерката на лидерот Ким Џонг Ун, како идна наследничка на Северна Кореја.

За Нова година државните медиумите објавија фотографии од Ким и неговата „најсакана ќерка“, во посета на одделот за нуклеарни ракети, пренесе New York Times.

Ова беше доволно за да поттикне прашања за местото на ќерката во династијата Ким, дали таа ќе биде негов наследник.

Северна Кореја не е монархија, но ова семејство ја води земјата како приватна семејна фирма уште од нејзиното основање на крајот на Втората светска војна, пишува New York Times.

И дедото и таткото на Ким Џонг Ун беа на власт додека не починаа. Ким следниот понеделник ќе полни 39 години, на власт е веќе 11 години. Сепак, прашањето за тоа кој ќе го наследи е актуелно во последните неколку години, особено откако се појавија сомнежи за неговото здравје.

Шпекулации и претпоставки за можниот наследник се појавија и кога Сеул и Вашингтон неделава разговараа за тоа како подобро да се справат со зголемената нуклеарна закана од Северна Кореја.

Досега Ким и ќерка му се видени на неколку настани заедно, меѓу кои и на лансирањето на интерконтиненталната балистичка ракета Хвасонг-17. Националната разузнавачка агенција на Јужна Кореја ја идентификува младата девојка како Ким Ју Ае, за која Денис Родман претходно има изјавено дека му било дозволено да ја држи како бебе кога се сретнал со Ким во 2013 година.

Јавното појавување на девојчето е потврда дека Ким има дете. До нејзиното појавување во државните медиуми, народот на Северна Кореја никогаш нема видено ниту едно дете на Ким Џонг Ун. Според Јужна Кореја, Ким има три деца од кои најстарото веројатно е син. Девојчето со кое се појави е негово второ дете и се верува дека има околу 10 години.

Надворешните аналитичари забележуваат дека е опишана како „сакана“ и е одбрана да ја претставува идната генерација на семејството Ким.

„Фотографиите со девојчето веројатно се дел од внимателно осмислена програма за да им се покаже на Севернокорејците Ким Ју Ае како наследничка“, вели Чон Сон Чан, од Институтот Сејонг во Јужна Кореја.

Ако се прашувате зошто не го одбрал синот за наследник, одговорот е едноставен. Ни самиот Ким не очекувал дека ќе биде лидер на Северна Кореја. Како најмлад од трите сина, Ким ги прескокнал своите браќа кога татко му Ким Јонг Ил го препознал неговиот доминантен став и го означил за наследник.

Повеќето аналитичари сметаат дека водењето дете на вакви настани поврзани со неговиот воен арсенал е порака дека ова семејство и со идните генерации ќе продолжи со развој на нуклеарно оружје.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Свет

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Read more

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Read more

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе