Живот

Дали некој кој не е пилот може да приземји патнички авион?

11. јули 2018 - 13:16 | М.Д.

Сите сме гледале филмови во кои се киднапираат пилоти, па обично се наоѓа ентузијаст кој сам успева да го приземји авионот. Меѓутоа, дали е тоа возможно?

Според зборови на експерти, поточно како што вели пилот на авионот Boeing Dreamliner, да се приземји авион е многу тешка задача.

„Повеќето луѓе не би знаеле ни како да го вклучат радиото или да разговараат со некој на земјата. Од друга страна, немате ниту неограничена количина на гориво, па додека да се обучите, нема да стигнете да слетате според распоредот, односно ќе останете без доволно гориво. Контролорите на летот не се пилоти. Поголемиот дел од нив само ги разбираат основните факти за летањето, но не знаат да управуваат со авион. Најголем проблем е времето, бидејќи времето е горивото кога летате. Ако треба да репрограмирате FMGC (Flight management & guidance computer), за да го свртите авионот и да слетате на алтернативен аеродром, а направете и најмала грешка, во тој случај нема шанси никој на земјата тоа да го забележи. Ако ненамерно го исклучите автопилотот, тоа повторно на земјата никој не би го знаел. Додека тоа го сфатите, вие веќе ќе бидете во многу опасна ситуација“, објаснува овој пилот.

Пилотот Анас Маз, кој управува со помали авиони, објаснува зошто и за него би бил предизвик да спушти на земја голем патнички авион.

„Имам речиси 1.500 часови поминати во летање со моделот Dash 8s. Неверојатно моќно летало за своите димензии. Во своето училиште за летање користев Cessna 150 и тоа е примарниот авион во кој летав, а тренирав и во моделот Piper Seneca 2. И покрај тоа, јас не можам да гарантирам дека успешно би спуштил на земја големи патнички авиони, како A320 и b737. Исто така, и на пилотите кои управуваат со големи авиони, нема да им биде толку лесно да управуваат со помали. Секое летало е поинакво“, вели тој.

Значи, заклучокот е дека никој кој нема искуство во летање не би можел да приземји патнички авион, што значи дека она што го гледаме на екраните сепак е само филм.

Коментирај