Дали Путин подготвува терен за инвазија на Балтикот? Ги протеруваат Русите, тоа е удар за нашата безбедност

Рускиот претседател Владимир Путин ги интензивираше долгорочните напори на Кремљ и го подготвува теренот за идна ескалација против балтичките земји. Ова го објавија западни аналитичари, според кои тоа е дел од напорите на Путин да го ослабне НАТО.

Естонската премиерка, Каја Калас, предвиде дека Алијансата ќе има три до пет години да се подготви за сериозна воена закана за Источна Европа од Русија.

„Латвија и другите балтички земји ги протеруваат етничките Руси од нивните земји. Ова е многу сериозна ситуација која директно влијае на безбедноста на Русија“, рече Путин на состанокот со руските градоначалници во вторникот.

Реагирајќи на неговите зборови, аналитичарите од Американскиот институт за проучување на војната (ISW) рекоа дека не гледаат индикации дека Балтикот е под закана од непосреден напад од Русија.

„Сепак, Путин можеби создава информативни услови за идни агресивни руски акции во странство под изговор дека ги штити своите сонародници“, велат експертите.

Од околу 1,8 милиони жители на Латвија, приближно секој четврти е со руско потекло. Но, многу Руси не се државјани на Латвија, туку имаат статус на т.н. неграѓани. Во врска со инвазијата на Украина, Латвија воведе јазични тестови за неграѓаните за да го проверат нивното секојдневно познавање на латвискиот јазик. Ним им се заканува и одземање на дозволата за престој и депортација.

Како резултат на тоа, шефот на Кремљ во декември ја обвини Рига за дискриминација, нарекувајќи го статусот на недржавјанство како „отстапување“ и изјавувајќи дека ако латвиските Руси не сакаат да се вратат во својата „историска татковина“, Русија мора „да се создаде соодветни услови“ за нив таму.

Путин долго време ја омаловажуваше независноста на постсоветските републики и тврди дека има право да ги штити Русите во странство. Кремљ, исто така, ја оправдува својата инвазија на Украина со наводното угнетување на населението што зборува руски.

Сепак, рускиот претседател во вторникот истакна дека војната започна во 2008 година, кога беше донесена одлука да се отвори вратата на Украина за НАТО.

Аналитичарите на ISW веќе оценија дека Путин ја нападнал соседната земја пред две години главно за да ја ослабне и на крајот да ја уништи Организацијата на Северноатлантскиот договор.

„Кремљ и актерите поврзани со него спроведуваат хибридна војна и информативни операции насочени кон дестабилизација на НАТО“, рекоа тие во вторникот.

Пауза во борбите би играла во полза на Русија

Естонската премиерка Калас предупреди дека Европа има три до пет години да се подготви за враќањето на Кремљ како закана на источното крило на Алијансата.

„Нашите информатори проценуваат дека ќе бидат потребни три до пет години, а тоа во голема мера зависи од тоа како ќе успееме да го одржиме единството и нашиот однос со Украина. Затоа што она што Русија сака е пауза, а таа пауза е за да ги собере своите ресурси и сила. Слабост провоцира агресори - така слабоста ја провоцира Русија“, изјави таа во понеделникот за The Times.

Украинскиот претседател Володимир Зеленскиј исто така минатата недела рече дека секоја пауза на бојното поле ќе ѝ помогне на Русија.

„Ваквиот потег може подоцна да нѐ скрши“, рече тој, додавајќи дека ако дозволиме макар и кратка пауза ќе ѝ даде шанса на Русија да ја зајакне својата одбрана и да започне уште посилен напад.

Германскиот весник Bild во понеделникот објави дека германската армија подготвила детално сценарио за можен конфликт меѓу земјите на НАТО и Русија, кое предвидува распоредување на десетици илјади германски војници на Балтикот и Полска. Bild ова го објави врз основа на добиениот документ, кој започнува со руската мобилизација во февруари годинава, а завршува со непосредна закана од војна во летото 2025 година.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, го отфрли извештајот од понеделник како вид на предвидувања што „може да се најдат во хороскопите“.

Калас, исто така, во понеделникот рече дека единството меѓу членките на НАТО станува сè потешко поради тековната војна во Украина.

„Неколку западни сојузници покажуваат знаци на воен замор“, рече Калас.

Таа алудираше на Соединетите Држави, кои претходно годинава изјавија дека не планираат да продолжат да ја поддржуваат војската на Киев во иста мера како од 2022 година.

„Сепак, мислам дека е должност на лидерите постојано да објаснуваат зошто победата на Русија во Украина е опасна не само за европската безбедност, туку и за безбедноста на целиот свет, бидејќи ако агресијата некаде се исплати, таа служи како покана за користење на друго место“, додаде естонската премиерка.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Свет

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Read more

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Read more

САД воведоа нови санкции кон Русија

Read more
 

Вести

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Силјановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе