Дали Реал го тера Модриќ да се пензионира од репрезентацијата?

Тони Крос веќе се пензионира најавувајќи дека ќе му се посвети на клубот, а медиумите од Хрватска велат дека притисок сега се прави врз Лука Модриќ.

Светскиот вицешампион Хрватска разочара на Европското првенство и го заврши учеството во осминафиналето, а јавноста прстот го впери кон селекторот Златко Далиќ.

Сепак, без оглед на неуспехот, ова не значи крај на одличната генерација, бидејќи никој од играчите не објави повлекување од националниот тим. Сите планираат да останат со Хрватска, дури и капитенот Лука Модриќ, иако наводно има притисок врз него да ја промени одлуката.

Според пишувањата на шпанска Marca, Реал Мадрид го известил Модриќ дека би било добро ако ја заврши репрезентативната кариера, исто како што направи неговиот соиграч Тони Крос.

Модриќ е пет години постар од Крос, а пресметката на Реал Мадрид е јасна - да помине што е можно помалку во Хрватска.

„Лука Модриќ дебитираше за Хрватска во 2006 година, кога имаше само 20 години. Денес има 35 години и е недопирлив лидер на Балканците, кои ги предводеше до најголемиот успех во историјата, светско сребро во 2018 година. Неговата посветеност на Хрватска е несомнена и неговата цел е да престане да игра за националниот тим по Светското првенство во 2022 година. Сепак, ситуацијата на Модриќ е специфична...“, пишува Marca.

„Тој го продолжи договорот до летото 2022 година, а Светското првенство е половина година подоцна. Големото прашање е што ќе стори Модриќ во тие шест месеци од предвидениот крај на кариерата до Светското првенство каде што планираше да се збогува до Хрватска?“.

Се додава дека „не е мал бројот на оние во Реал кои бараат Модриќ да ја напушти Хрватска“, но неговиот одговор секогаш бил ист - и тој не размислува за тоа. Во исто време, тој игра одлично и за Реал и за репрезентацијата, па аргументите се на негова страна.

реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Ирска ги згрози евровизиските гледачи: Гледавме ли сатанистички ритуал?

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Фудбал

Орсато означи крај во Париз и се расплака

Read more

Блесна стадионот во Битола: Пуштени рефлекторите Под Тумбе Кафе

Read more

Подготвени за нов спектакл? Реал и Баерн вечерва на мегдан за финале

Read more

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Read more
 

Спорт

Орсато означи крај во Париз и се расплака

Читај повеќе

Блесна стадионот во Битола: Пуштени рефлекторите Под Тумбе Кафе

Читај повеќе

Подготвени за нов спектакл? Реал и Баерн вечерва на мегдан за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

На Дончиќ не му одеше шутот, Далас го загуби првиот дуел од Оклахома

Читај повеќе
  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Читај повеќе

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Читај повеќе