Дали Скопски моден фестивал ги задоволува апетитите на модната публика?

АЛЕКСАНДРА СПАСЕСКА
/ 13.11.2022 / 17:11

Изминативе неколку дена ги обележаа настаните од втората сезона на најголемиот моден настан во земјава – Скопски моден фестивал (SKFF), почнувајќи со свечено гала отворање на синиот тепих и ревии во трговскиот центар Скопје Сити Мол.

 

Додека досега најголемата платформа за модни дизајнери, Моден викенд Скопје (МВСК), значително го намали обемот на своите активности изминативе сезони, се чини дека младиот Скопски моден фестивал високо цели – да ја пополни празнината во календарот на големи модни настани и да ја привлече модната публика желна за збиднувања и инстаграм прилики.

Искористувајќи ја празнината што ја остави разводнетиот МВСК, особено по пандемиските години што генерално ги замреа настаните кај нас и во светот, Модниот фестивал секако е добредојден настан за да се собере модната публика и критика. Имајќи предвид дека SKFF во ПР тимот го има Милан Атанасов, кој своевремено беше дел од ПР екипата на Моден викенд Скопје, внесувајќи нови идеи и свежина во последните возбудливи сезони на МВСК, не изненадува фактот дека листата на гости и дизајнери во некои аспекти се поклопи. Атанасов еднаш успеа да го обнови имиџот на Моден викенд Скопје, а сега работи на етаблирање на новата модна приказна во градот – Скопски моден фестивал кој уште е во зародиш и допрва ќе треба да се докажува.

Сепак, чувството дека се одржува сезонски најголемиот моден настан во земјата главно изостана. Фактот дека ревиите се одржаа во маргините на трговски центар, едноставно не го даде она чувство дека присуствувате на најголемиот моден настан во земјата. Млак е и одзивот на инфлуенсерите на социјалните мрежи, кои во екот на блогерската ера и зародишот на Instagram дишеа во духот на модната еуфорија за време на двете сезонски изданија кога го чекавме најдоброто од домашните и регионалните дизајнери, шоуруми и едукативни содржини. Во овој поглед, треба да се нагласи дека SKFF уште се гради како настан кој допрва ќе ја привлекува својата публика, независно од, па дури и наспроти носталгијата по времињата кои се сметаат за „најдобрите денови на маакедонската мода“. На модната сцена кај нас  итно ѝ е потребно реструктурирање, а одржувањето на настан како SKFF секако придонесува за одржување каков-таков континуитет. Моите очекувања се дека ќе се стреми да прерасне во платформа што конечно ќе ги обедини кретивните сили во модната индустрија.

За пофалба се помладите генерации кои со нивните смели комбинации и стајлинзи покажаа дека дефинитивно има што да се очекува на модните настани и надвор од пистата. Но, со оглед на тоа дека станува збор само за второ издание, дека организацискиот тим на Скопски моден фестивал се погрижил да ги слушне и коригира пропустите од првото издание, додека обединува дел од македонските дизајнери под еден чадор и носи гостински имиња, останува да видиме дали настанот ќе го следи „трета среќа“ или ќе се издигне на нивото на својот претходник и ќе го надмине.

Дизајнерските имиња – нови, очекувани и малку подзаборавени. Дизајнер чиј камбек дефинитивно се очекуваше на сцената и не пропушти да одушеви, секако беше Роберт Ивановски. Со ревијата што ја заокружи втората вечер, Ивановски претстави 11 модели изработени главно во кралско сината и црна боја. Колекцијата „X|“ носи нова дефиниција за машката мода, и тоа не само во домашни рамки.

Креација на Роберт Ивановски

„Брендот создава современа облека за урбани луѓе, кои имаат тенденција да вклучат уметност и безвременски дизајн во нивното секојдневие. Модерен и минимален гот дизајн се главните карактеристики за нашиот стил“, изјави Ивановски, кој уште еднаш докажа дека е име кое треба да се следи будно.

Креација на Роберт Ивановски
Креација на Роберт Ивановски

Име кое исто така треба да се истакне на ова издание на SFF e Сара Реџиќ, која исто така се претстави на втората вечер. Реџиќ добро ја знае својата целна публика и задоволува еден аспект на модниот пазар што не се нуди во мејнстримот. Се држела до она што најдобро го знае и функционира за неа и нејзината клиентела, но не понуди нешто ново. Креациите од колекцијата „Јесенија“ се богати со традиционални плетива, богатство од дезени и рачни доработки, па сигурно ќе го најдат својот пат до верната клиентела на дизајнерката.

Креација на Сара Реџиќ

„Колекцијата е романтична и одржлива приказна која трае повеќе од деценија и продолжување на сè она што со години го работам. Во секоја креација се препознава и чувствува мојата љубов кон правењето облека“, вели Реџиќ во дописот од организаторите.

Креација на Сара Реџиќ

 

Креација на Сара Реџиќ

 

Втората ревиска вечер ги видовме и најновите креации на Мелани Дигит, која се претстави со колекцијата апциклирана мода „Фигура“ во соработка со македонскиот бренд за долна облека Sara Fashion, и Ателје Краљевски кои понудија екцентрична, но нослива мода.

Креација на Ателје Краљевски

Првата вечер пред публиката се претставија Маја Кикириткова, под брендот „Eleazar“, со колекцијата „Ти можеш, ти си силна“, а по неа следуваше ревиското деби во Македонија на косовскиот дизјанер Етник Шала. Она што го претстави Шала, сепак за упатената модна публика беше само млако дежа ви на колекцијата на Реџиќ од 2017 година, кога македонската дизајнерка покажа како умешно се вметнуваа рачни доработки и гоблен мотиви во модерни носливи парчиња. Крајот на првата вечер ја заокружи ревијата на студентките на Академијата на моден дизајн при Школата за дизајн, уметност и технологија - „Скала“ - Марија Трајковска, Ангела Спасовска, Луна Аврамовска, Милица Димитријевиќ и Ива Ивановска.

Креација на Маја Кикириткова
Креација на Етник Шала

Македонските брендови Herline со колекцијата „Revelation“, Стефанија Насеска со „Liberty“, La Maison Cece T. со „Metamorphosis“, и модната куќа Elena Luka со „Satin Dream“ го одбележаа крајот на ревиските вечери на Фестивалот што се одржа под слоганот „Can you feel the light?!”.

Креација на Стефанија Насеска

Настанот продолжува со отворање на изложбениот салон во кој ќе бидат поставени креациите на сите учесници на фестивалот.

Фотографии: Антонио Станков и Марко Вилиќ

реклама

Живот

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како сами да направите антицелулитно масло?

Read more
 

Магазин

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Читај повеќе
  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе