ПРЕМИЕР ЛИГА 2021/22

Дали „специјалната тактика“ на Саутемптон од 60. до 70. минута е мамење?

The Athletic објави текст за кој зборува цела фудбалска Англија.

Еден од најпознатите спортски медиуми во светот забележа дека Ралф Хазенхитл и неговиот Саутемптон користат специјална тактика од 60. до 70. минута од натпреварот. Некои веруваат дека тоа е мамење.

Што прави Саутемптон?

Анализирајќи ги натпреварите на „Светците“, The Athletic откри дека на 14 од досегашните 24 првенствени натпревари, играчите на Саутемптон побарале лекарска помош. Секој пат во истиот, веќе споменат десетминутен интервал. Додека лекарите си ја вршат својата работа и ја проверуваат состојбата на играчите, остатокот од тимот трча кон аут-линијата да консумира енергетски пијалаци и гелови, како и да добива тактички инструкции од тренерот.

URL

Зошто не се користи на сите натпревари?

Важно е да се напомене дека Саутемптон оваа тактика ја користеше само на оние натпревари во кои губеше минимално или имаше нерешено до 60. минута. На натпреварите кога оценуваа дека имаат мизерни шанси не ја искористија оваа финта.

Кога станува збор за головите по 60 минути, Саутемптон има 9. Во истиот период 14 пати примиле гол. Стана очигледно дека играчите ретко паѓаат ако противникот постигне гол помеѓу 60-та и 70-тата минута или кога тимот на Хазенхитл дава гол во истиот период.

Оваа задача е главно наменета за напаѓачите. Адам Армстронг падна четири пати во овој период, повеќе од кој било друг играч на Саутемптон. Освен Тино Ливраменто, очигледно е дека напаѓачите се тие кои бараат лекарска помош.

Експерт објасни зошто се прави тоа

Фил Хејворд, медицински експерт кој со години работи за Вулверхемптон, објасни зошто се користи оваа тактика.

„Анализиравме дека имаше огромен пад на енергијата во тој период. Играчите земаат енергетски гелови, кои содржат малтодекстрин (форма на јаглехидрати) и прилично брзо стигнуваат до крвотокот. По десет минути, напредокот и резултатите се веќе видливи. Јаглехидратите се многу концентрирани во гелот. Алтернативата е да се внесат преку течност, но тоа трае предолго“, додаде тој.

„Во однос на перформансите, тоа им помага со издржливоста. Полесно им е да одржуваат високо темпо до крајот на натпреварот. На мускулите им снемува гликоген, па затоа внесуваат јаглехидрати кои се претвораат во гликоген и на крајот во гликоза, која мускулите ја користат за енергија“, рече Хејворд за тактиката која многумина во Англија ја сметаат за форма на мамење.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Фудбал

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Read more

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Read more

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Read more
 

Спорт

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе