Дали ви следуваат 6.000 денари од новата антикризна мерка?

Владата го усвои законот со кој на ранливите категории ќе им се доделат 6.000 денари, како дел од антикризните мерки од четвртиот пакет на мерки. Станува збор за околу 26 милиони евра кои ќе им бидат распределени на околу 300.000 граѓани на нивните трансакциски сметки, а кои ќе бидат наменети за купување домашни производи, објави Министерството за финансии на својот Facebook профил.

Фото: Кајгана
Фото: КАЈГАНА

Финансиската поддршка се однесува на пасивните баратели на работа, корисниците на пензија во висина до 15.000 денари, самохрани родители, уметници ангажирани од правно лице регистрирано за дејност од областа на културата, филмски работници кои последните пет години работеле на минимум три филма поддржани од Агенцијата за филм и естрадни уметници членови на Здружението на естрадни уметници на Македонија.

Сите овие категории треба да се евидентирани во надлежните институции заклучно 27 септември 2020, со нето-доход од јануари до август 2020 не повисок од 120.000 денари.

Исто така, се однесува на корисници на социјална сигурност за стари лица за граѓани со над 65 години евидентирани во центрите за социјална работа, млади лица од 16 години до 29 години активни учесници во формалното средно образование и високото образование (кои не добиле домашна платежна картичка и дeца без родители и родителска грижа).

Како што наведуваат, граѓаните не аплицираат за мерката, туку листи со корисниците прават Управата за јавни приходи, Министерството за труд и социјала и Министерството за образование и наука во координација со другите надлежни институции.

Генералниот секретаријат на Владата ги собира листите со граѓани и ги распределува корисниците по банките. Крајните листи на корисници се објавуваат на www.kupuvamdomasno.gov.mk. Средствата ќе се исплатат на трансациската сметка на корисникот, а за оние кои не поседуваат ќе им биде отворена.

Ако граѓаните ги исполнуваат условите, а ги нема на листа во рок од три дена од објавување, може да поднесат приговор на kupuvamdomasno.gov.mk со наведување: ЕМБГ, име и презиме, адреса на живеење, општина, телефонски број за контакт и e-mail.

Генералниот секретаријат ќе упати јавен повик компаниите кои продаваат македонски производи и услуги да се пријават. Компаниите каде ќе можат да се купуваат македонски производи и услуги ќе бидат задолжени на рафтовите или веб-страната да ги истакнат истите.

реклама

Македонија

Левица предлага инспекторат кој ќе казнува за непочитување на грбот, знамето и химната

Read more

Од полноќ нови цени на горивата

Read more

Независниот синдикат на полицијата денеска на протест

Read more

Променливо време, попладне нестабилно со пороен дожд

Read more
 

Вести

Имате рок до крајот на денот: Европа ѝ постави ултиматум на Русија и доби експресен одговор

Читај повеќе

Објавен првиот том на Правописно-нормативниот речник на македонскиот стандарден јазик

Читај повеќе

Зеленски: Ќе бидам во Турција, се надевам дека ќе дојдат и Путин и Трамп

Читај повеќе

Орбан: Никој не се осмелува да признае, но ја загубивме војната во Украина

Читај повеќе

Трамп: Добри работи можат да произлезат од средбата меѓу Русија и Украина

Читај повеќе

Прв коментар на Кремљ откако Зеленски се согласи на преговори со Путин

Читај повеќе

Косовец добил македонски пасош со лажен идентитет – се гонат две вработени во МВР

Читај повеќе

Трамп ветува: Лековите ќе поевтинат за 59%

Читај повеќе

Македонија2025 го отвори најголемиот Самит досега: Фокус на реформи, иновации и економски раст

Читај повеќе