Иако не ни се чини така, многу возрасни луѓе во главата уште се во средно училиште.
Тоа значи дека не ги напуштиле навиките, начинот на размислување и начинот на однесување карактеристичен за овој период од животот.
Тоа најчесто подразбира високо ниво на пасивност, помиреност и некорисна согласност. Овие луѓе не успеваат да излезат од ваквата шема, не покажуваат иницијативност, не се стремат кон успеси или не уживаат во нивното постигнување.
Технички, повеќето од нас излегуваат од класичните училишни клупи на 18 години. Студирањето веќе се разликува во формата на учење.
Но, длабоко во себе, некои луѓе уште седат во училишна клупа, убедени дека со непоговорно почитување на авторитетите, завршување на обврските и следење на насоки ќе го добијат она што им следува во животот.
Најчесто, завршуваат разочарани, несреќни и длабоко збунети.
Подлабоко на темата елаборира екипата на The School of Life.