Дали знаете како настана Seat и зошто се распадна „бракот“ со Fiat?

Пред Seat да стане дел од концернот Volkswagen, во 1950 година, шпанската влада се здружи со Fiat за да создаде нова автомобилска компанија, која требаше да ја моторизира целата земја со едноставни, но модерни возила со лиценца на Fiat.

По неколкумесечни преговори меѓу шпанската влада и претставниците на Fiat, брендот SEAT (Sociedad Española de Automóviles de Turismo) беше создаден во мај 1950 година под следните услови.

Fiat имаше седум отсто удел во новата компанија, а 42 отсто обезбеди здружението на домашните банки. Останатите 51 процент станаа сопственост на Instituta Nacional de Industria (INI), огранок на шпанската влада.

Сите се прашуваа кој може да има корист од таков договор. Колку и да изгледа малку веројатно, договорот беше во корист на двете страни. Италијанците видоа можност да го подигнат својот извоз со Seat на такво ниво што на светот му се покажаа како втор најголем извозник на автомобили по Volkswagen, што пак и помогна на шпанската влада да изгради автомобилска индустрија речиси од нула.

Лиценца на Fiat

Seat ги отвори вратите на фабриката Zona Franca во 1953 година со дневно производство од само пет возила Seat 1400. Сепак, подемот започна кога се расплини производството на моделите Seat 600, Seat 850, Seat 127 и Seat 132, сите препакувани бестселери на Fiat. Во 1974 година, Шпанците веќе имаа јубилеј од два, а само две години подоцна јубилеј од три милиони произведени возила, за што помогна големиот успех на Seat 128.

Како што одминуваше времето, Seat стана се повеќе воспоставена автомобилска марка, чиј раст беше сериозно забавен од нафтената криза од 1979 година, годината кога беше лансиран Seat Ritmo. За негова несреќа, таа година беше и годината кога Fiat одби да инвестира повеќе пари во Seat и наместо тоа побара од INI да и помогне да го реструктуира брендот за подоцна да може целосно да го купи.

Кога INI ја одби понудата на Fiat, Fiat ги продаде сите свои акции за една пезета, бидејќи бракот со Seat веќе беше на работ на распаѓање. На крајот, државната компанија INI заврши со 95 отсто од акциите на Seat, оставајќи ја автомобилската компанија во шпански раце. Но, аналитичарите го поставија прашањето - убаво е што компанијата постои, но дали може дури и да произведува автомобили што не ги создала?

Fiat знаеше дека ако му забранат на Seat да ги произведува сите нивни модели, може да ја затворат фабриката во Марторело преку ноќ. Наместо тоа, двата ентитета се согласија дека можат да го задржат производството на три модели во Шпанија: Panda, Ritmo и моделот 127. Но, под услов тие модели со ознака Seat да бидат подложени на темелно редизајнирање.

Така настанаа моделите Marbella, Ronda и Fura. Се беше чисто, освен што на Италијанците од тогашни неразбирливи причини им пречеше Ronda. И додека во Seat беа подготвени да ја решат целата ситуација, бидејќи наводно неколку пати пишувале и ги повикувале Италијанците на преговори, единствениот писмен одговор е тужбата поднесена во парискиот суд на 17 ноември 1982 година.

Бракот „пукна“ поради Ronda

За Италијанците вистинската причина за тужбата била преголемата сличност на Ronda со тогаш непретставениот Ritmo од втората генерација. Со лансирањето на Ronda, што беше можност за извоз на Seat, Fiat одеднаш сфати дека мора да го редизајнира целиот автомобил. Судијата избран за спорот беше италијански адвокат по име Францо Гранде Стивенс. Така, првиот потег на Seat беше да бара друг судија, бидејќи Стивенс беше член на управниот одбор на Fiat.

Од самиот почеток, судот застана на страната на шпанскиот бренд, а спорот го водеа тројца судии - од Франција, Шпанија и Швајцарија. Seat, исто така, возврати со тужба против Fiat, обвинувајќи ги Италијанците дека ги попречуваат неговите обиди за извоз на автомобили низ Европа.

Fiat наеднаш ја промени својата реторика и тужбата ја заснова на фактот дека одредени делови од двата автомобили биле премногу слични. Имаше сличности меѓу овие автомобили, бидејќи Seat всушност направи темелен редизајн, иако предниот дел на Ronda беше доста различен од Ritmo, додека рачките на вратите беа исто така различни од страните.

Познатиот дизајнер на автомобили Том Тјаарда беше одговорен за надворешноста на Ronda, додека експертите на Seat ја дизајнираа внатрешноста. Иако дотогаш американскиот дизајнер со холандско потекло веќе го напуштил Centro Stile на Fiat во Торино, беше забележано влијанието на дизајнот на Ritmo врз Ronda, но сепак недоволно за Fiat да добие судска пресуда.

Како Seat го „надмудри“ Fiat?

Бидејќи одбраната се фокусираше на деловите од телото на Ronda кои најмногу се разликуваа од Ritmo, снаодливата екипа на Seat мудро зеде црна Ronda и ги обои сите делови што се разликуваат од Ritmo во жолта боја. Врз основа на тој примерок, судот одлучи дека Seat доволно ја модифицирал Ronda за да може да продолжи самостојно да ја продава не само во Шпанија, туку и низ Европа. Со новоразвиените мотори кои Porsche ги разви за тогаш целосно новата Ibiza, Ronda стана првиот успешен самостоен модел на марката.

Seat Ronda се продаваше со модернизирана ознака Ronda P, а неговото финално производство достигна само 177.869 произведени единици. Сепак, веќе во 1986 година, компанијата беше во сопственост на растечкиот германски концерн Volkswagen, кој по падот на социјализмот апсорбираше други брендови како што е Škoda.

Заедно со Volkswagen, Seat доживеа вистински бум и денес извезува автомобили во повеќе од 70 земји во светот, вклучувајќи ја и нашата земја. Многу од познатите први модели родени од бракот со Германците, како Toledo, Leon и делумно Ibiza, сè уште во голем број крстарат низ Македонија, додека моделите на Seat од времето на соработката со Fiat многу ретко можат да се видат на нашите патишта.

Тагови
реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Авто новости

Lotus шокираше на Нирбургринг: Електричната Evia извозе рекорден круг

Read more

Електрични автомобили ги затрупаа европските пристаништа

Read more

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Read more

Renault 5 E-Tech Roland Garros е инспириран од тенисот

Read more
 

Автомобили

  • play_arrow

Lotus шокираше на Нирбургринг: Електричната Evia извозе рекорден круг

Читај повеќе

Електрични автомобили ги затрупаа европските пристаништа

Читај повеќе

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Читај повеќе
  • filter

Renault 5 E-Tech Roland Garros е инспириран од тенисот

Читај повеќе

Револуција од Кореја: Батерија која се полни за неколку секунди

Читај повеќе
  • play_arrow

Трка на хибридните суперавтомобили: Lamborghini Revuelto, Ferrari SF90 или Porsche 918?

Читај повеќе
  • filter

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Читај повеќе
  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе