Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски денеска преку својот профил на Facebok соопшти дека првиот тест за коронавирусот во изолација му е негативен.
„Првиот тест негативен. Досега водам во негативни тестови со 4:0. Да се надеваме на 5:0.
Ако и вториот тест од оваа изолација биде негативен во недела, од понеделник назад во акција“, напиша Манчевски и додаде дека им посакува брзо оздравување на неговите пријатели и колеги кои се позитивни.
За крај, тој апелираше до граѓаните да се чуваат, да бидат безбедни и да ги почитуваат мерките за лична заштита.