За холандскиот стратег Франк де Бур би било голема глупост доколку платите на фудбалерките се израмнат со оние на припадниците од посилниот пол.
„Доколку женскиот фудбал стане популарен како и машкиот, би зборувале на таа тема бидејќи во тој случај би добил публицитет и спонзорите би биле и тоа како заинтересирани. Но денес тоа не е случај, па зошто би заработувале исто? Глупости“, вели Де Бур.
Веќе некое време женските фудбалери се жалат на дискриминација во однос на мажите, но очигледно тоа ќе потрае и во иднина.