Де Лихт: Прашајте го Тухел зошто не играм

Матајс де Лихт (24) пристигна во Баерн за 67 милиони евра во јули 2022 година. Баерн го донесе холандскиот стопер од Јувентус и Де Лихт требаше веднаш да стане еден од најважните играчи на германскиот шампион.

Холанѓанецот беше стандарден кај Јулиан Нагелсман, но наследникот на младиот тренер, Томас Тухел, нема доверба во Де Лихт. Во централниот дел од одбраната предност имаат Дајо Упамекано и Ким Мин-џе. Де Лихт има 5 настапи под водство на Томас Тухел оваа сезона и одигра вкупно 82 минути во лигата и Купот на Германија.

„Зошто не играм? Немам идеја, треба да го прашате тренерот. Правам сѐ што бара Тухел, но во последните два натпревара одиграв 10 минути и тоа во средниот ред“, изјави Де Лихт.

Спортскиот директор на Баерн, Кристоф Фројнд, објасни за Bild: „Тој е многу важен за нашиот тим. Јасно е дека моменталната ситуација не претставува лесен предизвик за него, но убеден сум дека ќе има многу можности да игра во следните неколку месеци“.

Де Лихт ја започна својата кариера во Ајакс, а играше во Јувентус од 2019 до 2022 година. Досега за Баерн има 48 настапи и постигна 3 гола, а за холандската репрезентација на 42 натпревари постигна 2 гола.

реклама

Зошто не се препорачува консумирање домати и краставици во комбинација?

Read more

Плажа со најчиста вода во светот: Веројатно никогаш не сте слушнале за овој грчки остров

Read more

Која секс поза и секс играчка се најпопуларни во Македонија?

Read more

Со што се дрогираат Македонците?

Read more

Фудбал

Ламал ќе ја добие 10-ката на Меси

Read more

Во Хрватска шампионскиот трофеј ќе биде донесен со хеликоптер

Read more

Крајот на една иконска кариера запечатен со јубилеен гол: Уживав во секоја минута

Read more

Ракитиќ ќе се пензионира

Read more
 

Спорт

Ламал ќе ја добие 10-ката на Меси

Читај повеќе

Во Хрватска шампионскиот трофеј ќе биде донесен со хеликоптер

Читај повеќе
  • play_arrow

Крајот на една иконска кариера запечатен со јубилеен гол: Уживав во секоја минута

Читај повеќе

Ракитиќ ќе се пензионира

Читај повеќе

Дрес на Мајкл Џордан од 1993 година продаден за 2,6 милиони долари

Читај повеќе

Поради можна мајсторка: Интер и Наполи в петок ќе решаваат за Скудетото

Читај повеќе

Освоија титула, па се ослободија од 11 играчи

Читај повеќе

Де Брујне: Можеби ќе останам во Англија

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси за соперништвото со Роналдо: Спортски гледано, беше прекрасно

Читај повеќе