Двајцата беа најзаслужни за новиот триумф на моментално водечкиот тим во НБА, првиот со 34 поени, а вториот со трипл-дабл во победата над Оклахома.
Ентони Дејвис постигна 34 поени додека Леброн Џејмс забележа 25 поени, 11 скокови и 10 асистенции и со тоа двајцата беа најзаслужни што Лос Анџелес Лејкерс со 112:107 го совлада тимот на Оклахома Сити Тандер. Кај гостите се истакнаа Германецот Денис Шредер со 31 поен и Италијанецот Данило Галинари со 25.
Лејкерс се моментално најдобар тим во двете конференции со скор од 12 победи и два пораза, а победата остварена ноќеска за нив беше петта во низа.
Резултати:
Мемфис Гризлис - Голден Стејт Вориорс 95:114
Њу Орлеанс Пеликанс - Портланд Треил Блејзерс 115:104
Сакраменто Кингс - Феникс Санс 120:116
Лос Анџелес Лејкерс - Оклахома Сити Тандер 112:107