Делвекио: Дибала дојде како Батистута, но повеќе личи на Монтела

Изненадувањето на летниот преоден рок во Калчото е дефинитивно доаѓањето на Пауло Дибала во Рома, трансфер кој една легенда на овој клуб го спореди со великаните Батистута и Монтела.

„Џалоросите“ досега имаат убаво трансфер лето. Се засилија со Пауло Дибала, Немања Матиќ, Зеки Челик и Миле Свилар, а во преговори се со ПСЖ за доведување на Џорџињо Вајналдум.

Марко Делвекио 10 години беше дел од Рома и тоа токму во онаа златна генерација која во сезоната 2000/2001 го освои Скудетото, што беше и последен пат кога клуб надвор од Милано и Торино станал шампион на Италија. Тогаш Делвекио беше во друштво на великани како Франческо Тоти, Винченцо Монтела и Габриел Батистута, напаѓачка линија каква што навивачите на Рома одамна не виделе.

Токму доаѓањето на Дибала тој го спореди со доаѓањето на Батистута кога летото 2000 година премина од Фиорентина во Рома. Но, иако и Дибала е Аргентинец, неговиот стил на игра многу повеќе го потсетува на друг негов соиграч од тоа време - Монтела.

„Како засилување многу ме потсетува на Батистута, но гледајќи го неговиот начин на игра јасно е дека зборуваме за два различни играчи. Него пре би го споредил со Монтела“, вели Делвекио говорејќи за Il Messaggero.

Импактот со трансферот на Дибала дефинитивно наликува на оној на Батистута, кој дојде по 9 години минати во Фиорентина и 167 голови постигнати во Серија А. Дибала мина 7 сезони во Јуве пред да се пресели во Рим, а зад себе има и 82 гола во Серија А во бело-црниот дрес.

„Габриел не беше единственото одлучувачко засилување таа сезона, еден не може да биде доволен за да се направи исчекор кон Скудетото. Да не заборавиме дека со него пристигнаа Емерсон и Самуел, како и Лупатели, Зебина, Гигу, а можеби и заборавив некој“, додаде, напоменувајќи дека денешната Рома не може да очекува дека Дибала сам ќе ги однесе во височините.

Делвекио имаше пофални зборови и за Теми Ејбрахам, кој по доаѓањето од Челси минатото лето постигна 17 голови во Серија А.

„Тој е силен и може уште да напредува, има неверојатен потенцијал. Не верував дека ќе постигне толку многу голови во својата прва сезона, тоа беше навистина убаво изненадување. Не е лесно за играч кој доаѓа од друга лига, дури ни во тактичка смисла, да се адаптира брзо, но тој се покажа во одлично светло и оствари солидни бројки. Нападот на Рома е во добри раце“.

Светскиот шамоион со Италија од 2006 година упати и апел до младиот Николо Ѕаниоло, кого летово секојдневно го поврзуваат со заминување од Рома, да остане бидејќи тоа би бил најдобар избор за него како играч.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Фудбал

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Read more

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Read more

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Read more
 

Спорт

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе