Демонстрантите во Мјанмар им пркосат на забраните и водените топови на воената хунта

Демонстрантите во Мјанмар, револтирани од минатонеделниот воен удар, и денеска ги продолжија масовните протести низ целата земја и покрај блокадите на патиштата и забраната за масовни собирања.

Револтираните граѓани скандираа пароли против воената хунта и се спротивставија на полицијата, која користеше водени топови и ги растури нвините протестни собири.

Британските медиуми пренесуваат дека по воениот удар од 1 февруари и приведувањето на најпопуларната политичка лидерка во земјата, премиерката Аун Сан Су Ќи, граѓаните четири дена по ред протестираа низ оваа јужноазиска земја со околу 53 милиони жители, а бранот граѓанска непослушност се прошири во болниците, образовните институции и меѓу владини претставници.

Демонстрантите одбиваат да се повлечат и да се разотидат иако полицијата во главниот град Најпиди во изминатите два дена користеше водени топови против нив.

Слична е ситуацијата и во Баго и Јангон, а според демонстрантите, војската затворила мостови и ги вратила спомените од половината век воена диктатура што заврши во 2015 година.

Ветувањата на лидерот на воената хунта, Мин Аун Хлен, дека евентуално ќе дозволи нови избори, предизвика презир кај демонстрантите бидејќи ги повтори неоснованите обвинувања за наместени избори, на кои минатиот номеври победи партијата на Демократската лига, на Аун Сан Су Ќи.

– Ние ќе ја продолжиме нашата борба, рече активистот Маун Саунка, ветувајќи целосен колапс на диктатурата и повикајќи го военото раководство да ги ослободи сите политички затвореници.

Тагови
реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Свет

Хамас го прифати договорот за прекин на огнот

Read more

Претепани политичари во Германија, граѓаните излегоа на улица

Read more

Русија најави вежби за тактичко нуклеарно оружје: Одговараме на провокациите

Read more

Студентски протести за Газа почнаа во Белгија и Холандија

Read more
 

Вести

Хамас го прифати договорот за прекин на огнот

Читај повеќе

Бојан Јовановски за пријавата од Кичеец: Ова е почеток на една битка со цела криминална банда

Читај повеќе

Советот на Европската Унија го усвои планот за раст за Западен Балкан

Читај повеќе

Претепани политичари во Германија, граѓаните излегоа на улица

Читај повеќе

Ден пред двојните избори гласаат болните и изнемоштените лица, затворениците и дијаспората

Читај повеќе

Русија најави вежби за тактичко нуклеарно оружје: Одговараме на провокациите

Читај повеќе

Тешка сообраќајка кај Влае – има повредени, едното возило преполовено

Читај повеќе

Студентски протести за Газа почнаа во Белгија и Холандија

Читај повеќе
  • play_arrow

Што да очекуваме по денешната инаугурација на Путин?

Читај повеќе