Свет

Демонтирана експлозивна направа во Санкт Петербург

6. април 2017 - 12:53 | Макфакс

Експлозивна направа е откриена и неутрализирана денеска во стан во еден од квартовите на руската северна метропола Санкт Петербург, која закрепнува од терористичкиот напад во подземната железница кога загинаа 14 луѓе, пренесе агенцијата ТАСС повикувајќи се на изјава на шефот на администрацијата на Невскиот реон на градот, Константин Серов.

Според Серов, опасност повеќе не постои. Биле евакуирани жителите на една висококатница, а безбедносните служби и иследниците ја завршувале на погорните катови од зградата во која е откриена експлозивната направа.

Додал дека во станот во кој била откриена бомбата, не биле најдени неговите сопственици, туку други лица. Не го прецизирал податокот колку луѓе биле најдени во станот, но агенцијата повикувајќи се на станари пренесува дека на седмиот кат од зградата се издавал еднособен станов.

Во текот на проверките биле евакуирани жителите на два влеза. Некои од нив заминале на работа, додека другите биле привремено сместени во блиската детска градинка.

Засега не е познато дали оваа акција е поврзана со апсењето на шестмина доселеници од централна Азија во средата во Санкт Петербург, а кои се осомничени дека врбувале радикализирани граѓани за извршување терористички акции и борци за џихадистичките групации Џебхат ан-Нусра и Исламската држава во Сирија.

Коментирај