ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО КАТАР 2022

Денеска расплет во групите А и Б, кој ќе остане без осминафинале?

Со денешните натпревари во групите А и Б започнува лудилото од последното коло на Светското првенство.

Поради регуларност, натпреварите во групи ќе се играат во исто време. Од 16 часот се играат натпреварите од групата А, а од 20 часот од групата Б.

Во овие групи сè уште не ги знаеме имињата на учесниците во осминафиналето, а само Катар нема шанси да се пласира меѓу 16-те најдобри селекции во светот.

Во групата А ќе се сретнат Холандија - Катар и Сенегал - Еквадор. Во најдобра позиција се Холанѓаните и Еквадорците со оглед на тоа што имаат по 4 бода, а Сенегал 3, а во суштина им одговара и нерешено за да се пласираат во нокаут фазата.

  • Холандија ќе се пласира во осминафиналето доколку не загуби од Катар
  • Победникот од натпреварот Сенегал - Еквадор оди во осминафиналето
  • Во случај на реми меѓу Сенегал и Еквадор, Еквадор ќе напредува
  • Еквадор и Сенегал ќе напредуваат ако ремизираат на голови и ако Катар ја победи Холандија со два или повеќе гола разлика

Во групата Б ситуацијата е уште покомплицирана бидејќи сите четири селекции имаат шанси за осминафинале и ги дели само еден бод (Англија 4, Иран 3, САД 2, Велс 1). Се среќаваат САД - Иран и Англија - Велс.

  • Англија оди во осминафиналето во секое сценарио освен ако не загуби од Велс со четири или повеќе гола разлика
  • САД одат понатаму ако победи Иран
  • Иран напредува ако ги победи САД, или во случај на реми со услов Велс да не ја победи Англија
  • На Велс му е потребна победа од четири гола над Англија за да се пласира понатаму. Велшаните со толкава разлика можат без победа да одат до осмото место, но во тој случај зависат од средбата меѓу Иран и САД, каде им треба реми.
URL
Тагови
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе