Десет места на кои најлесно може да се заразите со коронавирусот

Иако на почетокот на 2021 година се чинеше дека има шанси конечно да се вратиме во нормала поради вакцините, тоа не се случи.

Голем број луѓе одбиваат да се вакцинираат, а се појави многу позаразната делта варијанта. Без разлика на тоа, луѓето се обидуваат да водат нормален живот, што вклучува активности на различни локации.

Некои од нив се поризични од другите, а токму на овие десет е најлесно да се заразите со коронавирусот, пишува Eat This, Not That.

Цркви и други верски објекти

„Религиските центри се места за масовна инфекција, кога ќе се земе во обѕир фактот колку луѓе престојуваат таму и колку долго, тешко е да спречите ширење на заразата и покрај сите преземени мерки“, вели д-р Катерина Шкоџик.

Секако треба да носиме маски и одржуваме дистанца кога посетуваме црква и други верски објекти.

Теретани и  фитнес центри

„Многу е веројатно дека ќе се заразите во теретана каде не се носат маски во текот на тренинг“, вели д-р Роберт Г. Лахта.

Многу повеќе честички се ослободуваат во воздухот бидејќи во теретана се дише длабоко, се издишува, луѓето се потат. Ако веќе одите да вежбате во теретана, експертите советуваат да ги посетувате оние во кои примаат само вакцинирани.

Јога

Ако одите на групни часови на јога каде не се носат маски, и на тие места може лесно да се заразите бидејќи има многу луѓе кои се потат и дишат во мал простор.

На патување (со автобус, авион или градски превоз)

Без разлика дал патувате на работа или имате некакви обврски, јавниот превоз е нужно зло доколку немате автомобил. За жал, возилата на јавниот превоз не се безбедни во текот на пандемија.

„Патувањето со јавен превоз исто така го зголемува ризикот од зараза со коронавирусот и само затоа што сте на многу мал простор со многу луѓе“, вели д-р Вивек Черијан.

Додава дека и кога сте во авион, каде носите маска, всушност сте безбедни бидејќи воздухот се филтрира низ ХЕПА филтри, но не сте 100% заштитени бидејќи пред влегувањето во авион мора да минете низ аеродромот и да бидете во близина на многу луѓе.

Ресторани

Рестораните се ризични бидејќи во нив не носиме маски додека јадеме и пиеме. Освен тоа, ризикот е поголем ако се работи за мал простор со лоша вентилација.

Базен или плажа

На плажите и базените се собираат многу луѓе, иако се работи за локации на отворено, поради големиот број луѓе се зголемува ризикот од зараза.

Спортски настани

И овде присуствуваат многу луѓе, па честички на аеросоли полесно се шират.

Венчавки

Дури и со почитување на мерките и ковид потврдите, венчавките и свадбите се потенцијални жаришта, особено ако се одржуваат на затворено.

Киносали

Кината се опасни бидејќи во нив има многу луѓе во мал простор, а често вентилацијата е лоша.

Хотели

Иако постојано се врши дезинфекција и чистење, циркулацијата на луѓе е голема и тешко е да се заштитите од зараза.

Тагови
реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Здравје

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Read more
 

Магазин

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Читај повеќе
  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе