Дестинации кои би требало да ги избегнувате во 2018 година

Американскиот CNN објави листа од 12 дестинации кои би требало да ги избегнувате во 2018 година, а меѓу нив се и Венеција, Барселона и Дубровник.

Листата е составена врз основа на тоа што во последните 12 месеци поединечни популарни туристички дестинации настојуваа да го намалат бројот на туристи, за кои тврдеа дека ги преплавиле улиците или ги нарушиле нивните кревки екосистеми, што претставува дилема за патниците кои планираат одмор.

Поради тоа CNN состави список од градови за кои туристите треба да размислат, пред да се одлучат да ги посетат.

На списокот се најдоа градови како Венеција, Барселона, островот Скај во Шкотска, островот Галапагос, Таџ Махал во Индија, Санторини во Грција, Монт Еверест, Бутан, Антарктик, Мачу Пикчу во Перу и пет познати населби во Италија.

Она што е заедничко за сите дестинации е дека поради големиот број на туристи започнала да „пука“ инфраструктурата, а локалното население започнало да се соочува со проблеми од се поголемиот број на посетители.

Во Барселона биле организирани дури и протести против пренатрупаноста на тој град, додека Дубровник најави дека ќе го ограничи бројот на туристи на дневно ниво на 4.000.

Од Унеско дури му се заканија на Дубровник дека ќе му го одземат статусот на светско наследство поради големиот број на туристи.

Во Венеција, поради големиот број на туристи, голем број на локалното население се иселило.

Во Бутан локалните жители се загрижени поради загрозеност на животната средина.

На Галапагос, властите сакаат да го ограничат бројот на туристи за да заштитат игуани. 

реклама

Прелиминарни резултати по мандати: ВМРО-ДПМНЕ има 59 пратеници, Левица 6, ЗНАМ 5

Read more

Пендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Ковачевски му честита на Мицкоски: Резултатот е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Read more

Живот

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Read more

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

30-минутни интензивни вежби за совршени нозе

Читај повеќе

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Читај повеќе

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Читај повеќе

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Читај повеќе
  • play_arrow

Од жица и камења сами направете убави саксии

Читај повеќе

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Читај повеќе

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Читај повеќе
  • play_arrow

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Читај повеќе

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Читај повеќе