Девојче повредено од заскитан куршум во скопско Глумово

Во два одделни инциденти кога се пукало неконтролирано, едно девојче е повредено во ногата, оштетен е автомобил и покрив на куќа.

Во саботата, околу 20.20 часот во село Глумово, скопско, непознат сторител од непознат правец и од непознато огнено оружје испукал повеќе куршуми.

Еден од испуканите проектили нанел телесна повреда на палецот од левата нога на четиринаесетгодишно девојче, кое во тој момент седело со другарките во дворот од куќата. Истата била пренесена во Градската општа болница „8-ми Септември“ каде и е укажана лекарска помош и е пуштена на домашно лекување.

Од истото пукање, проектили завршиле во предната хауба од автомобил „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Х.С. (42) од село Глумово, кое било паркирано пред неговата куќа. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Вчера во 21 часот Ј.А. (37) од село Долна Бањица, пријавил дека во наведеното време З.М. (55) од село Балин Дол, при семејна веселба, од неговиот пиштол, кој го поседувал со дозвола, испукал неколку куршуми во воздух. Испуканите проектили завршиле во куќата на Џ. Ј. од село Чајле и предизвикале  оштетување на кровната конструкција. З.М. бил приведен од полициски службеници од ПО Чегране.

Со Потврда за одземени предмети му бил одземен пиштолот, една рамка со седум куршуми калибар 9мм и дозволата за оружје.

реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Хроника

Тешка сообраќајка кај Влае – има повредени, едното возило преполовено

Read more

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Охрид

Read more

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Read more

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Read more
 

Вести

Бојан Јовановски за пријавата од Кичеец: Ова е почеток на една битка со цела криминална банда

Читај повеќе

Советот на Европската Унија го усвои планот за раст за Западен Балкан

Читај повеќе

Претепани политичари во Германија, граѓаните излегоа на улица

Читај повеќе

Ден пред двојните избори гласаат болните и изнемоштените лица, затворениците и дијаспората

Читај повеќе

Русија најави вежби за тактичко нуклеарно оружје: Одговараме на провокациите

Читај повеќе

Тешка сообраќајка кај Влае – има повредени, едното возило преполовено

Читај повеќе

Студентски протести за Газа почнаа во Белгија и Холандија

Читај повеќе
  • play_arrow

Што да очекуваме по денешната инаугурација на Путин?

Читај повеќе

Италија: Лани лично го предупредивме Зеленски, контраофанзивата беше грешка

Читај повеќе