Девојка која заболи од рак на дебелото црево на 24 години го сподели првиот симптом

Бејли Мекбрин поминала месеци игнорирајќи необичен симптом кој на крајот се покажал како знак за рак на дебелото црево.

Кога имала 24 години ѝ бил дијагностициран рак на дебелото црево во трет стадиум.

Оваа медицинска сестра знаела дека нешто не е во ред бидејќи подждригнувала и по десет пати на ден, што никогаш порано не ѝ се случило.

Иако првично го игнорирала овој симптом, кога се појавиле други симптоми како гадење и повраќање, знаела дека треба да оди на лекар.

„Во почетокот не го поврзував подждригнувањето со рак на дебелото црево, мислев дека сум јадела нешто што не треба и затоа го имам овој симптом. Но, кога се појавија други непријатни предупредувачки знаци, како гадење и често повраќање, сфатив дека се работи за нешто поопасно“, откри Мекбрин.

Набргу по дијагнозата, таа беше подложена на операција за отстранување на дел од дебелото црево и зафатените лимфни јазли. Таа, исто така, има завршено 12 недели хемотерапија и моментално ги чека резултатите за лекарите да ги одредат следните чекори во нејзиното закрепнување. Таа истакна дека никогаш не би го сметала подждригнувањето за симптом на рак.

„Тоа е нешто што толку лесно се отфрла бидејќи симптомот е всушност чест, но за мене тоа укажа на рак. Научив дека сите појави што не се случувале порано се начин на нашето тело да ни каже дека нешто не е во ред“, додаде медицинската сестра, на која лекарите ѝ кажале дека подждригнувањето е еден од најчестите симптоми забележани кај младите луѓе со рак на дебелото црево.

реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Здравје

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Read more

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Read more

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Read more

Храна што треба да ја одбегнувате по 40-тата година

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

30-минутни интензивни вежби за совршени нозе

Читај повеќе

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Читај повеќе

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Читај повеќе

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Читај повеќе
  • play_arrow

Од жица и камења сами направете убави саксии

Читај повеќе

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Читај повеќе

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Читај повеќе
  • play_arrow

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Читај повеќе

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Читај повеќе