Култура

Девојка од Кочани уценувана и принудувана на сексуални односи со 46-годишен маж

10. јули 2018 - 14:52 | МИА

Скопје, 10 јули 2018 (МИА) - Дваесетгодишна девојка од Кочани била уценувана и принудувана на сексуални односи од страна на 46-годишен маж.

Според нејзиниот исказ, во периодот од ноември лани до моментот на пријавување на случајот во неколку наврати била уценувана од страна на 46-годишниот М.Л. од Кочани дека за неа јавно ќе објави фотографии со компромитирачка содржина и била присилувана на сексуални односи.

Случајот го пријавила вчера во 20:30 часот во полициската станица во Кочани.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Коментирај